Половина милион млади на отворањето на Светскиот ден на млади во Краков

Папата Фрањо прв пат доаѓа во родниот град на светиот папа Војтила, а токму на него „творецот на Светскиот ден на млади“ е посветена светата Литургија за отворањето на Светскиот ден на младите која ја предводи краковскиот надбискуп кардинал Станислав Џивиш.

Сè е подготвено во Краков за пречекот на папата Фрањо кој доаѓа по повод 31. светски ден на млади, а кој во Јубилејот на милосрдието се одржува во градот на светиот папа Иван Павле II. Папата Фрањо прв пат доаѓа во родниот град на светиот папа Војтила, а токму нему „творецот на Светскиот ден на млади“ е посветена светата Литургија за отварањето на Светскиот ден на младите која ја предводи краковскиот надбискуп кардинал Станислав Џивиш.

„Однесете во вашите земји, домови и заедници искра на милосрдието, како сеќавање на сите дека блажени ќе бидат милостивитe, зашто тие ќе бидат помилувани “(Мт. 5,7). “Нека пламенот на љубовта го прегрне целиот свет, за да нема повеќе егоизам, насилство и неправда, а на земјата да се вкорени цивилизација на доброто, помирувањето, љубовта и мирот”. Ова го истакна архиепископот на Краков и поранешен личен секретар на папата Војтила кардинал. Станислав Џивиш на Литургијата по повод отворањето на Светскиот ден на млади, која ја служеше во паркот Блонија во вторникот попладне пред околу 500 илјади млади луѓе од целиот свет.

Во почетокот на Литургијата полскиот примас повика младите верници да се молат за убиениот француски свештеник во црквата во близина на градот Руан. Во проповедта кардинал Џивиш упати поглед кон Блискиот Исток, “заборавената” Африка и ѕидовите кои ја делат Европа.

„Од нас, од нашата вера и светост, зависи сликата на Црквата – им посочи кардинал Џивиш на младите верници. Од нас зависи дали Евангелието ќе дојде до оние кои не го познаваат Христос или кои не го познаваат доволно”. „Краков ја живее тајната на Божјото милосрдие, благодарение на понизната сестра Фаустина Ковалска и на Иван Павле II, кои ги засилија чувствителноста на Црквата и на светот кон овој посебен аспект за Бог”.

„Сретнувајќи се со Исус, сите заедно ќе бидеме една голема заедница, Црква, која ги поминува човечките граници кои ги делат народите. Заедно ќе ја доживееме универзалноста на Црквата, која е поврзана на чудесен начин со Светските денови на младите.”

На крајот кардинал Џивиш потсети за ликот на Иван Павле II, „амбасадор на Радосната вест, творец на Светските денови на млади, пријател на младите и семејствата”. „Бидете и вие такви амбасадори. Однесете му ја на светот Благата вест за Исус Христос. Сведочете дека вреди да Му верувате. Отворете ги срца за Христос! “.

Пламенот на милосрдието во текот на носењето ги допре сите значајни места во животот на свети Иван Павле II, од црквата Свети Флоријан каде што служел како млад свештеник до катедралата на ридот Вавел која била „негова“ црква кога бил пастир во надбискупијата Краков. На светата Литургија учествуваа повеќе од 500 илјади луѓе, а присутни беа традиционалните симболи на Светскиот ден на младите: Крстот, иконата на Пресвета Богородица Salus Populi Romani, а некои млади се облечени со маици од градовите каде што до сега се одржувал Светскиот ден на млади.

Мноштво млади пред светата Литургија ги преплавија градските улици и паркови, а околу 40 илјади полицајци ја гарантираа безбедноста. На свеченото отворање можеше да се види „мозаикот од милосрдие и хармонија“ за кој папата Фрањо пред неколку дена зборуваше во видео пораката за Полска. Со доаѓањето на Папата тој мозаик ќе се збогати со главната коцка во оваа Света година која токму во Краков главниот град на Божјото милосрдие го живее својот Јубилеј со младите.

Полските средства за информирање посветуваат големо внимание на доаѓањето на папата Фрањо во Полска десет години по апостолското патување на папата Бенедикт XVI и 14 години по последната посета на папата Војтила кој во текот на својот понтификат ја посетил девет пати.

Апостолското патување на папата Фрањо е формирано во три главни настани: освен Светскиот ден на млади многу е важна средбата на Папата со Црквата и полскиот народ по повод 1050 годишнина од крштението на полскиот народ и посетата на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау одбележан со тишина и молитва. За тој трогателен момент Папата бараше „дар на солза“, а тој ќе биде еден од најзначајните настани не само на оваа апостолско патување, туку и во целиот понтификат на папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот