Политичарите треба да го бараат доброто на сопствената земја, а не на сопствената партија
Политичарите мора да се залагаат за доброто на народот, а не за доброто на сопствените партии, истакна Папата Фрањо воведувајќи ги верниците во литургиското славење, кое го служеше како и обично во домот Света Марта денес 20 април 2020 година, а пренесувана преку теливизија и интернетски портали.
Во ова време обележано со заразата на Ковид – 19 политичарите, кои носат одговорност за одлуките, би требало повеќе да се посветат на својот повик, кој се огледува во големо каритативно чувство. Во проповедта поотсети дека христијанинот мора да ги почитува не само заповедите, туку да допушти да го води Духот, со својата нежност во правец, кој на нас ни е непознат. Тоа е духовен препород – појасни Папата, осврнувајќи се на ноќната посета на фарисејот Никодим на Исус, кој му даде до знаење дека треба да се роди одозгора, ако сака да го види Царството Божјо.
Никодим во својот немир го бараше Господ.Тој не знаеше како да го направи тој чекор: Како да се роди со Духот, кој делува непредвидливо. Кој дозволува да влезе Духот во него и се препушта на неговото водство станува нежна и слободна личност. Христијанинот не смее никогаш да се задоволи со почитување на заповеди, туку мора да оди понатаму и да влезе во слободата на Духот, истакна Папата и потоа се осврна на ослободувањњто на апостолите Петар и Иван, кои – како што се наведува во Делата на светите Апостоли – заеднички се заблагодарија на Бог и се молеа да им даде сила искрено да го навестуваат Неговото Слово и покрај тешкотиите и заканите. Таа одважност е плод на Духот, заклучи Папата и додаде дека човекот се препородува себеси со молитва.
Ватикан њуз/к.мк