Повик за молитва и помош за Црквата на Блискиот Исток
По загриженоста која папата Фрањо ја искажа повеќе пати, Конгрегацијата за Источни Цркви ги повикува партикуларните Цркви во целиот свет во текот на постот да изразат посебна духовна и материјална солидарност кон христијаните кои живеат во Исусовата земја и на Блискиот Исток. Минатата година, имено, на 21 ноември – потсетува соопштението – на аудиенцијата на учесниците на Генералното собрание на споменатата Конгрегација Светиот Отец истакна дека во Сирија, Ирак, Египет и во Светата Земја, течат солзи и додаде дека римскиот епископ нема да има мир сѐ додека има луѓе кои, било од која религија, кои се погодени во своето достоинство, кои се лишени од најпотребното за преживување, на кои им е украдена иднината и кои се принудени да живеат како бегалци и прогонети.
Затоа годишното собирање прилог – стои понатаму во соопштението – има уште повеликодушна поддршка од пастирите и верниците од целата католичка заедница. Префектот на Конгрегацијата за Источни Цркви, кардинал Леонардо Сандри подготви за сите епископи традиционално писмо во кое потсетува на важноста на таа инцијатива за да се истакне должноста од молитва и конкретна помош за браќата и сестрите и црковните заедници во тие земји, а тоа да се напрви на Велики Петок или пак во некоја друга прилика.
На епископите ќе им бидат доставени информации за главните проекти кои освен редовната помош за црковните мисии во 2013 година оствариле споментата Конгрегација и фрањевачката Кустодија, на пасторално и воспитно поле, како и на јавна помош и социјалната грижа. Меѓу нив е и проектот за обнова на базиликата Раѓање во Витлеем, која доби пофалба и подршка на екуменско ниво, но и од разни земји. Меѓутоа отсекогаш најважни биле „живите јасли“; така најголемиот допринос е наменет за католички училишта сѐ до универзитети
Не недостигаат нити вонредните потреби меѓу кои најнапред се бегалците и прогонетите кои поради војна или друг облик на насилство сѐ повеќе чукаат на вратата на христијанските заедници. Затоа свештениците, монасите и монахињите заедно со лаиците волонтери се најбрза и најсигурена подршка за погоденото население, затоа што секојдневно учествуваат во нивните искушенија, потреби и надеж. Светата Земја ги очекува нашите милосрдни дела за да го продолжи навестувањето на љубовта кон Бог, кој за свое семејство го избра човештвото. На тој начин најдобро ќе го подготвиме и следиме очекуваното ходочастие на папата Фрањо во Исусовата Земја се истакнува во соопштението.
РВ/Д.И.