Писмо од почесниот папа Бенедикт XVI по објавениот контроверзен извештај

Писмо од почесниот папа Бенедикт XVI по објавениот контроверзен извештај

По упатените обвинувања до почесниот папа Бенедикт XVI се огласи со писмо на 8 февруари 2022 година кое го пренесуваме во целост.

Драги сестри и браќа,

Осврнувајќи се на презентацијата на извештајот за злоставување во надбискупијата Минхен-Фрајзинг од 20 јануари, чувствувам потреба да упатам личен збор до сите вас. Иако служев како надбискуп на Минхен и Фрајзинг нешто помалку од пет години, и понатаму се чувствувам дел од таму и го сметам за дом.

Најпрво би сакал да упатам зборови за искрена благодарност. Во овие денови кој беа одбележани со испит на совеста и размислувања, бев во можност да искусам поголемо пријателство и поддршка, како и знаци на доверба, повеќе отколку што можев да си замислам. Воглавно би сакал да се заблагодарам на малата група пријатели кои во мое име несебично го составија моето сведоштво на 82 страници за адвокатската канцеларија во Минхен, кое не би можел да го напишам сам. Освен одговорите на прашањата од адвокатската канцеларија, тоа бараше и читање и анализа во дигитална форма на скоро 8.000 страници документи.

Тие ми помогнаа да проучам и анализирам скоро 2.000 страници стручни мислења. Резултатите ќе бидат дополнително објавени како додаток на моето писмо.

Во текот на обемната работа тие денови – развојот на мојата позиција – се случи превид во врска со моето учество на состанокот на канцеларот од 15 јануари 1980 година. Оваа грешка, која за жал е потврдена, не беше интенциски намерна и се надевам дека може да се оправда.

Потоа договорив надбискупот Генсвајн тоа да го обајви во изјава за печатот на 24 јануари 2021 година. Тоа на никој начин не ја намалува грижата и трудољубивоста што беше и останува очигледен и апсолутен императив за овие пријатели.

За мене, се покажа длабоко болно што овој превид беше искористен за да се фрли сомнеж во мојата вистинитост, па дури и да ме етикетираат како лажливец. Во исто време, бев многу трогнат од различните изрази на доверба, искрените сведоштва и трогателните писма на охрабрување што ми ги испратија многу луѓе. Особено сум благодарен за довербата, поддршката и молитвата која папата Фрањо лично ми ја искажа.

На крајот, би сакал да се заблагодарам на малото семејство во манастирот Mater Ecclesiae, чие заедништво на животот во моментите на радост и тага ми даде внатрешен мир што ме поддржува.

Сега, со овие зборови на благодарност, нужно мора да следува и исповедта. Сè повеќе ме воодушевува фактот што Црквата од ден на ден го започнува славењето на Светата Миса – во која Господ ни го дава своето Слово и и самиот себе – со исповедање на нашите гревови и барање прошка. Јавно го молиме живиот Бог да ни прости (гревовите што сме ги направиле) нашата вина, нашата најтешка вина. Јасно ми е дека зборовите „преголем (грев)“ не се однесува секој ден и на сите луѓе на ист начин. Сепак, секој ден ме предизвикува прашањето дали и денес треба да зборувам за најтешкиот грев. И утешно ми збороува дека без разлика колку е голема мојата грешка денес, Господ ми простува ако искрено му дозволам тој да ме испита и јас сум навистина подготвен да се променам.

На сите мои состаноци, особено за време на моите многубројни апостолски патувања, со жртвите на сексуална злоупотреба извршени од свештеници, од прва рака ги видов последиците на еден од најтешките гревови. И сфатив дека ние самите сме вовлечени во овој тежок грев секогаш кога го запоставуваме или не се соочуваме со потребната решителност и одговорност, како што се случувало и се случува премногу често. Како и на тие состаноци, уште еднаш можам само да го изразам мојот длабок срам, мојата длабока тага и мојата искрена молба за прошка до сите жртви на сексуална злоупотреба. Имав големи одговорности во Католичката црква. Мојата болка е уште поголема поради злоупотребата и грешките што се случија на овие различни места за време на мојот мандат. Секој случај на сексуална злоупотреба е ужасен и непоправлив. Жртвите на сексуална злоупотреба го имаат моето најдлабоко сочувство и чувствувам голема тага за секој поединечен случај.

Сè повеќе ја ценам одбивноста и стравот што Христос ги почувствува на Елеонската Гора кога ги виде сите страшни работи што ќе мора да ги поднесе во себе. За жал, фактот што во тие моменти учениците спиеле е ситуација која се случува и денес и за која и јас се чувствувам повикан да одговорам. И така, можам само да се молам на Господа и да се молам на сите ангели и светци, а вие, драги браќа и сестри, да се молите за мене на Господа, нашиот Бог.

Наскоро ќе се најдам пред последниот судија на мојот живот. Иако, гледајќи наназад на мојот долг живот, можеби имам голема причина за страв и трепет, сепак сум со добра волја, бидејќи цврсто верувам дека Господ не е само праведен судија, туку и пријател и брат кој веќе пострада за моите недостатоци и мојот застапник, мојот „Параклет“. Во светлината на судниот час, милоста да се биде христијанин ми станува сè појасна. Тоа ми дава знаење, а всушност пријателство, со судијата на мојот живот и со тоа ми овозможува самоуверено да поминам низ мрачната врата на смртта. Во оваа смисла, постојано се потсетувам на она што ни го вели Иван на почетокот на Откровение: го гледа Синот Човечки во сета негова величина и паѓа пред нозете Негови како мртов.Сепак Он ја сложи Својата десна рака врз него и му рече: „Не бој се! Јас сум! (сп. Откровение 1,17)

Драги пријатели, со овие чувства сите вас ве благословувам,

Бенедикт XVI

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести
Ознаки Бенедикт XVI

За авторот