Писмо на Папата до неговиот пријател: Ист сум како и порано

Варшава, 28.5.2013/к.мк/ – Аргентискиот весник Ел Кларин објави писмо напишано од папата Фрањо до својот долгогодишен пријател свештеникот Енрике Киге Родригез. Киге е парох во градот Ла Риохе.

Полската католичка новинска агенција ја пренесува содржината на тоа писмо, напишано на 15 мај, а Католици.мк го пренесува во превод:

Драг Киге

Денес го добив твоето писмо кое ми го напиша на 1 мај. Ме израдува твојата приказна за тоа како сте го прославиле патрониот празник на парохијата и ми донесе свеж ветар. Јас сум добро и си го сочував мирот во соочувањето со овие изненадувачки случувањен кои ги сметам за Божји дар. Се трудам да го сочувам оној начин на однесување и делување како што го имав во Буенос Ариес, бидејќи ако би го променил во овие години, тоа би било смешно. Не се преселив во Апостолската палата. Таму одам кога треба да работам или на ауденција. Останав во домот Света Марта, во кој престојувавме за време на конклавите. Тука живеат епископи, свештеници, но и лаици. Луѓето можат да ме гледат и водам нормален живот: јавна Литургија наутро, јадам со сите останати на заедничка маса. Добро се чувствувам поради тоа што не сум излолиран.

Киге, пренеси ги моите срдечни поздрави на моите верници. Те молам, моли се за мене и кажи им на луѓето да се молат за мене. Поздрави ги Карлос и Мигуел. Господ Исус нека те благослови, а Пресвета Богородица нека те штити.

Братски поздрав

Фрањо

(Д.И.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<