Петралинци: Светот се менува со молитва
Младите и децата од парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Петралинци на празникот Богојавление, 19 јануари 2015 година до верниците од парохијата и сите луѓе испратија порака: Светот се менува со молитва!
По завршувањето на светата Литургија и Големиот Водосвет младите и децата со плакат и подигнати листови на кои пишуваше „МОЛИ“ повикаа да се моли за семејството, за соседот и непријателот, за мир, за осамените и напуштените, за болните, за папата, епископите и свештениците, за духовни повици, за вера и вечен живот и за сè што е по волја Божја.
Целта на ова порака беше да се пренесе дека недостатокот на љубов, омразата, вознемиреноста, проблемите со кои се соочуваме се менуваат со молитва. Исто така ова иницијатија беше одговор на Исусовите зборови „И Јас ви велам: молете и ќе ви се даде“ (Лк 11,9)
Идејата беше предложена од страна на младите на Евхаристското обожавање за млади кое се одржа на 15 јануари.
к.мк/Д.И.