Паљурци: Молебен во чест на светите апостоли Петар и Павле

Богданци, 13.7.2013 /к.мк/ – На празникот на светите апостоли Петар и Павле, 12 јули во Паљурци Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов го предводеше молебенот до Пресвето Срце Исусово во сослужение со свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија и верници од повеќе парохии на Егзархатот.

Молебенот се одржа на местото каде во иднина треба да се изгради црквата посветена на апостол Павле, кој според преданието, на своето патување низ Македонија се задржува и во Паљурци.

Оваа 2013 година според јулијанскиот календар со празникот на Врховните апостоли светите Петар и Павле се совпадна и празникот на „Пресвето Срце Исусово“, па владиката во својот поздравен говор се повика „…на надежта и вербата во милосрдието на Пресветото Срце Исусово дека ќе помогне храмот Божји посветен на Апостол Павле во поклоничко Паљурци да биде што побргу издигнат“.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<