Во четврток 30 мај 2019 година во вечерните часови Папата ја посети базиликата Света Марија Велика, каде се помоли пред иконата на Богородица, спасение на римскиот народ
Папата Фрањо по обичај пред секое Апостолско патување ја посетува базиликата Света Марија Велика. Директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Алесандро Џизоти на Твитер профилот @HolySeePress соопшти дека Папата ја посетил базиликата и се помолил пред иконата на Богородица, спасение на римскиот народ, која се чува во капелата Боргезе. Светиот Отец своето 30. Апостолско патување во Романија го довери на Пресвета Богородица. Ова патување на Светиот Отец ќе трае од 31 мај до 2 јуни.
Базилика Света Марија Велика е многу омилена на Папата и ја посети исто така на 14 март 2013 година, ден по изборот за Папа.
Ватикан њуз/к.мк