Патријарх Сако: Исус ни помага да останеме во својата држава
Умрениот и воскреснатиот Христос е знак за надеж, охрабрување да останеме обединети во оваа своја земја, каде што христијаните треба да бидат „пример за светло и надеж“, верни на ирачкото семејство – тврди вавилонскиот патријарх Луис Рафаел И. Сако, претседател на ирачката епископска конференција, во воскресната порака објавена на почетокот на Големата седмица, а ја пренесе агенцијата Sir.
Патријархот Сако гледа знакаци на надеж
Се наоѓаме пред поделени народи, жална, болна и тешка реалност. Сепак, се појавуваат знаци на надеж и поради тоа треба државата да се спаси од понатамошни несогласувања, спорови и конфликти, од други мртви и раселени, од понатамошни уништувања, стресови, тешкотии и стравови – изајви патријархот Сако повикувајќи ги христијаните, муслиманите, Језидите и Савејците да останат обединети и да работаат на вистинско национално помирување, отворен и чесен дијалог.
Да им покажеме на сите дека можеме едни на други да се отвориме и дека можеме заедно да живееме и покрај взаемните разлики, дека можеме да оставриме единство на мажите и жените кои ќе ја спасат државата и сите нас. Политиката не е интересна игра, туку чуство на одговорност, таа е мудрост, разумно донесена одлука, исто така и важни за да се остварат реформите кои нашиот народ одамна ги очекува – кажа патријархот Сако.
Повик да не се напушта сопствената земја
Патријархот потиикна на доверба во мудроста и трпеливоста за да останеме обединети на оваа земја каде што сме родени, каде што сме живееле 1400 години заедно со муслиманите, градејќи единствена цивилизација и да не се попушта на конфузијата. Не дозволувајте други лица и општества да извлечат добивка од нашите тешкотии и да ги расфрлат нашите семејства по целиот свет (50 овде, 100 таму) – поттикна патријархот.
Патријархот ги повикува верниците да бидат пример на светло и надеж
Ве повикувам да бидете богати христијани во хуманоста, родољубиви, какви што нé сака Христос, да бидеме непристрасни, љубезни, присутни и актвини, пример на „светло и надеж“, верни на својата држава, својот дом, предани на своите ирачки браќа и сестри, своето семејство. Ако комуницираме со сите, се интегрираме и соработуваме во градењето на подобра сегашност и заедничка иднина, нашата присутност никогаш нема да биде во опасност – заклучи патријархот Сако.
РВ/Б.Р.