Патер Ломбарди за последните подготовки за СДМ

Во Краков се при крај и последните подготовки за Светскиот ден на млади. Папата таму ќе пристигне во среда на 27 јули. На средбата се очекува околу два милиони млади. За повеќе детали околу последните подготовки за СДМ се осврна патер Федерико Ломбарди.

Во Краков се при крај и последните подготовки за Светскиот ден на млади. Папата таму ќе пристигне во среда на 27 јули, а во Ватикан се враќа во недела навечер. На средбата се очекува околу два милиони млади. Нешто во врска со атмосферата, за пресрет на ова големо славење разговаравме со директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол патер Федерико Ломбарди.

Со страв и копнеж сакав од организаторите да слушнам каква е атмосферата и можам да кажам дека ми е потврдено сè што барав во смисла дека во Полска нема причина за никаква загриженост или посебна будност; но истовремено постои сериозен пристап и способност за одржување на редовниот степен на мерките за безбедност – рече патер Ломбарди и продолжи:

Неодамна како што знаеме успешно е одржан и состанокот на НАТО и затоа на истиот начин за Светскиот ден на младите со примерна одговорност на властите и сите ангажирани луѓе чекориме напред ведро и мирно, сигурно дека тоа ќе биде една голема и убава прослава. Исто така ми кажаа дека никој не се откажал, туку сите доаѓаат со голем ентузијазам и мирно. Верувам дека заради тоа можеме да се надеваме на една голема прослава на младите со Папата – рече патер Ломбарди.

На констатацијата дека ова посета всушност е посета по стапките на Иван Павле II и како таква е јасен знак не само за полскиот народ, туку и за светот, гласноговорникот на Светиот Престол рече:

Секако патуваме во Краков во седиштето на Иван Павле II како надбискуп, одиме по повод Светскиот ден на млади; Денот кој е негов „изум“ и кој е плод на промислата и волјата на неговото големо срце и неговиот гениј за пасторалот со младите.

Ломбарди посебно ја нагласи длабоката врска со темата Божјото милосрдие која Иван Павле II ја живееше како темелна вредност на својот понтификат; потоа неговите енциклики „Dives in Misericordia“ со канонизацијата на света Фаустина и основањето на празникот на Божјото милосрдие за целата Црква кој некако беше во центарот на големиот јубилеј на Светата Година 2000. Денес славејќи го јубилејот на Божјото милосрдие можеме да кажеме дека двајцата папи се во потполн континуитет, што се однесува до централната тема и начинот на кој тие двајцата го навестуваат Евангелието – исткна Ломбарди.

Прашан за промените во распоредот на Папата, патер Ломбарди одговори дека тој всушност не би зборувал толку за „промените“ туку за фактот дека Папата јасно кажа како сака таа средба да се одржи и избра начин кој тој го сака и кој најчесто го користи кога се среќава со епикопите за време на своите патувања во странство, а тој начин е семејна средба и дијалог.

Папата не сака на епископите да држи големи говори, туку сака со нив да разговара, слушајќи ги нивните прашања; прашања кои сакаат епископите да ги постават, во целосна слобода и мир. Причината за тоа е исто така и отсуството на пренос во живо токму за да се создаде семејна атмосфера и целосна опуштеност, мир и слобода за изразување на самите епископи, така што да можат целосно да бидат мирни и да зборуваат како што тоа го прават децата со својот Отец; како браќа со Римскиот епископ и водач на Универзалната црква.

Тоа е тоа, ве уверувам, што Папата најмногу го сака и што најчесто го прави, а јас до сега го придружував Папата на сите патувања во странство. Ако јавно одржал формален говор кој е емитуван тоа било исклучок. На пример тоа се случи во САД и во Мексико; но на средбата со епикопите на трите епископски конференции во Африка; а потоа на трите во Латинска Америка, со епикопската конференција во Куба и со Италијанската епископска конференција – во последните две години – Папата секогаш сака, ако тоа е можно, да направи средба со дијалог.

Тоа секако не значи дека се плаши од медиумите – нагласи Ломбарди – да се постетиме колку едноставно е достапен за интервју во авионот. Сепак кога сака да има атмосфера на познанство и целосна слобода за луѓето со кои се среќава сака медиумите да не бидат присутни. Така на пример знае и на утринските свети Литургии во Света Марта како и во многу други прилики да каже: „Не, не овој пат.“ Зошто? „Затоа што сакам тоа да биде атмосфера на блискост, мир и огромна отвореност“ – објасни на крајот патер Ломбарди.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот