Патер Ломбарди за посетата на Папата на Куба

Пораката на Папата до Кубанците е во тешкотиите да не губат надеж – кажа патер Федерико Ломбарди директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол и на Радио Ватикан.

Пораката на Папата до Кубанците е во тешкотиите да не губат надеж – рече патер Федерико Ломбарди директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол и на Радио Ватикан, одговарајќи на прашање на новинар од Радио Ватикан. Тој нагласи дека Светиот Отец сака да промовира дијалог и помирување. Приносот на Папата за приближување на Куба и САД е јасна потврда на намерите на Папата – истакна патер Ломбарди на синоќешниот брифинг во Сантијаго, додавајќи:

Папата зборува за „процес“ нешто во што треба да се напредува. Одговарајќи на прашање за американското ембарго против Куба, патер Ломбарди рече дека Католичката црква секогаш го осудувала ембаргото. Во поглед пак на почитувањето на човековите права потсети дека Светиот Отец јасно зборува за идеологиите кои не ја почитуваат човечката личност и достоинство. Мисијата на Папата на Куба беше силно искуство за Црквата и повик до христијаните во општеството да го промовираат општото добро. Папата навистина беше многу задоволен од искреното прифаќање на кубанскиот народ – рече патер Ломбарди и посебно се осврна на Литургијата на Папата во градот Холгуин.

На Литургијата се почувствува голема присутност се претпоставува дека околу 150.000 луѓе учествуваа на Литургијата во Холгуин. место каде што не биле претходниците на папата Фрањо. Градот беше посебно среќен што е домаќин на Светиот Отец. Литургијата беше за празникот на свети Матеј евангелист. Папата се сети дека токму на тој празник имал посебно духовно искуство – одлучувачко во неговата младост – бидејќи лично го почувствувал Исусовиот повик да Го следи, Исус го гледал во очи. Како што вели Евангелието: Го погледна Матеј во очи и тој се преобрати – истакна патер Ломбарди.

Папата потсетувајќи се на својот повик ја истакна вредноста на христијанскиот повик, средба со Господ како појдовна точка на посланието; сите треба да се почувствуваат одговорни во Црквата и во општеството. Исто така Папата потсети на мисионерските куќи мали заедници во кои е живата Црква на Куба каде што се слави Евхаристија се слуша и коментира Божјото Слово и каде што еден со друг се поттикнува на христијански живот – објасни патер Ломбарди.

На забелешка како некои настани можат да ја променат историјата рече дека Папата секогаш ги охрабрува луѓето. Посебно ги поттикнува младите да не ја губат надежта „не дозволувајте да ви ја украдат надежта!“ Тоа го рече и на младите во Куба кои имаат свои проблеми, искушенија и сиромаштво. Таа е многу важна порака – заврши патер Ломбарди.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија: Ватикан

За авторот