Патер Ломбарди за здравствената состојба на Државниот секретар Паролин
Веќе повеќе од една седмица новинарите му поставуваат прашања на гласноговорникот на Светата Столица, патер Федерико Ломбарди за здравствената состојба на Државниот секретар, монсињор. Пиетро Паролин, за што во последните неколку седмици во медиумите имаше многу нагодувања.
Патер Ломбарди одговори на барањата на новинарите, потсетувајќи на она што веќе е речено, односно дека монс. Паролин, минатата седмица во Падова беше опериран, и дека веќе е отпуштен од болница. Операцијата помина во најдобар ред – рече патер Ломбарди и додаде дека монс. Паролин некое време ќе остане во покраината Венето, на одмор и закрепнување, за да биде потполно здрав пред да ја преземе новата и многу одговорна должност Државен секретар.
Монисњор Паролин, со кој лично разговарав изрази благодарност до Светиот Отец пред сѐ за неговото разбирање, внимателност и близина, но и кон сите оние кои му се блиски и кој молат за него и изрази желба што поскоро да закрепне и да ја преземе должноста и одговорностите кои што му ги довери Папата – рече на крајот гласноговорникот на Светата Столица, патер Ломбарди.
Извор: РВ/ Превод: го*ко