Парох од Калифорнија спиел на улица за да собере пари за бездомници

Калифорнискиот парох Рик Кол одлучил својата вера спроведе во пракса запознавајќи се со често заборавените жители од својот град Сакраменто.

Кол одлучил да помине две недели спиејќи на улиците и успеал да собере повеќе од 100.000 долари за неговиот проект – зимско прифатилиште за бездомниците.

Со себе имал само ранец со резервна облека, возачката дозвола и 60 долари во готовина. Спиел во споредни улици и засолништа, јадејќи и разговарајќи со останатите бездомници како би можел подобро да ги разбере што им е потребно.

„Многу е тешко да се започне одново. На луѓето им треба заедница, си требаат едни со други. И она најдуховното што можеме да го направиме е да дојдеме до луѓето кои страдаат”, рече Кол

Тој објасни дека не живеел целосно како бездомник, бидејќи во близина секогаш имал пријатели кои го чувале во текот на ноќта и знае дека го чека сигурен дом кога тоа ќе заврши.

Кол со години на своите верници им зборувал за потребите на бездомниците, но дури сега ја видел реалната состојба. Сега знае како се чувствува човек кога покрај него поминуваат луѓе и воопшто не го гледаат, како да не постои. Со тек на времето изгледал сѐ повеќе како и другите бездомници, доживувал како минувачите потполно го избегнуваат, па и да бегаат од него. Иако на улиците поминал само две недели, сега сфатил дека таквиот однос кон бездомниците лошо влијае на нивната самодоверба.

„Кога тоа ќе ви влезе во главата и се чуствувате некорисен. Тоа е голем и тежок товар за било кој човек и со време ќе стане целосно парализиран и неспособен да си помогне”, објаснува Кол.

Во Сакраменто во изминатите 11 години починале најмалку 500 бездомници, мажи, жени и деца. Дури 38% од нив починале по улиците.

Затоа Кол го започна проектот “Sacramento Steps Forward” (Сакраменто излегува во помош), непрофитна група која ја координира помошта за бездомниците во целиот град. Проектот Зимско прифатилиште ја повикува целата верска заедница во текот на ладните зимски месеци да ги отворат своите врати на бездомниците. На нив се отворени вратите на црквите каде можат да добијат топол оброк, советувања и прифатилиште. Проектот чини околу 300.000 долари, а Кол со своето одење по улицате успеал да собере 100.000 долари.

Тој истакнува дека научил многу, не само за својата заедница, туку и за самиот себе. Сфатил дека треба подобро да се координира со постоечките програми за помош на бездомниците како би можеле да бидат ефективни и навистина да им се помогне на тие кои имаат потреба.

„Одлучив наместо да чекам тие да дојдат кај мене во иднина јас повеќе ќе ги посетувам бездомниците”, изјави парохот Кол.

Лаудато/А.С.

За авторот