Паролин: Случувањата во Турција се причина за загриженост
Кардинал Пиетро Паролин Папскиот државен секретар изрази загриженост заради состојбата во Турција.
Кардинал Пиетро Паролин Папскиот државен секретар изрази загриженост заради состојбата во Турција. Истакна дека во овој историски момент појдовна точка за решавање на актуелната криза треба да биде „почитувањето на личноста и нејзиното достинство, односно „ставање на човекот во центарот“. Во спротивно од кризата „нема да се излезе“, туку се повеќе е доживуваме „такви ситуации на омраза, насилство и поделби кои се шират.“
Осврнувајќи се на неодамнешните случувања во Турција кардинал Паролин кажа: „Овие случувања не се позитивни и се извор на загриженост за сите. Напнатоста во светот се зголемува, а напнатоста не е добар предуслов за соочување и решавање на проблемот. Тоа е извор на загриженост за сите. Се надеваме дека мудроста и хуманоста ќе надвладеат и ќе помогнат на луѓето да бараат и пронајдат праведни решенија.
РВ/к.мк