Паролин: Меѓурелигиски дијалог против нетолеранцијата

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Паролин ја започна својата посета на Азија, кој на 15 август ќе го посети Источен Тимор, за да учествува во својство на претставник на Светиот Престол на прославата на 500 -годишнината од евангелизацијата на земјата.

Во вторник 11 август, кардиналот Паролин ја посети Џакарта, главниот град на Индонезија, каде што се сретна со министерот за надворешни работи, г-ѓа Ретно Марсуди, првата жена, шеф на дипломатијата на најголемата муслиманска држава: 86% од вкупно 240 милиони жители, ја исповедаат исламска религија.

Разговорот беше главно посветен на прашањето за соживот меѓу претставниците на различните религии. Кардиналот изрази восхит од примерот за меѓурелигиска хармонија меѓу народот на Индонезија, иако постојат одредени тензии меѓу христијаните и муслиманите. Кардиналот Паролин ја истакна важноста на меѓусебното почитување и прифаќање на разликите меѓу различните религии и упати повик за избегнување на екстремизмот и нетолеранцијата. „Меѓурелигискиот дијалог е врвен начин за зајакнување на односите меѓу Индонезија и Светиот Престол“, изјави г-ѓа Марсуди.

Друг многу важен аргумент на разговорите беше соработката во областа на културата: предлог за соработка со Радио Ватикан, за пренос на прославата на Велигденските празници следната година во Ларантука, на островот Флорес, во соработка со Индонезиското државно радио; и со Ватиканските музеи, кои ќе бидат домаќин на индонезиската културна изложба. Уште минатата година етнолошкиот музеј на Ватикан им понуди на посетителите над 200 артефакти од Индонезија во изложба насловена: „Индонезија, земја на хармонијата“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот