Парламентот на Чиле го прогласи празникот Благовештение за „Ден на нероденото дете“

Сантијаго де Чиле, 17.5.2013 /к/мк/  Со одлука парламентот на Чиле го прогласи 25 март за „Ден на нероденото дете“. Овој ден треба да придонесе да се сензибилизираат луѓето во заштитата на животот и да биде еден понатамошен бедем за одбрана на правото на живот на неродените деца.

На 25 март Католичката Црква го слави празникот „Благовештение“. На овој ден Црквата си спомнува за светскиот и историски настан – Синот Божји влезе во светот и стана човек. Девет месеци растеше Исус, како и секој човек, во утроба на својата мајка, пред да се роди на 24 декември во Витлеем. Преку поврзувањето на „Денот на нероденото дете“ со празникот „Благовештение“, Чилеанскиот парламент сакаше да ја нагласи светоста на човечкиот живот.

Чиле е една од ретките земји во светот, во која убиството на неродено дете преку абортус се третира како кривично дело.

„Одлуката на Чилеанскиот парламент е пример за другите држави во светот, кои иако човековите права ги сместуваат во уставна категорија, истовремено го легализираат и убивањето на неродените деца, односно дозволуваат убивање на потполно невини личности. Два развоја, кои стојат во радикална противречност, познатиот шпански историчар и католички блогер Франциско Хозе Фернандез де ла Цигоња. „Пред некое време напишав, дека денеска со гордост би бил Унгарец. Сега можам исто така да кажам: со городост бил бил и Чилеанец. Да живее Чиле“! (с.с.)

 

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<