Парите го расипуваат умот, ја ослабнуваат верата

Парите го расипуваат умот, ја ослабнуваат верата и заведуваат на погрешен пат – рече Светиот Отец во проповедта на Светата литургија на 20 септември во капелата на домот Света Марта, истакнувајќи дека од идолопоклонството на парите се раѓа злото како суета, која нас не претвора во манијаци на расправии за бесмислени работи. Не може да се служи на Бог и на парите.

Светиот Отец во проповедта говореше за нашиот однос помеѓу парите и Исусовиот пат. Има нешто во алчноста за пари што нѐ оделува од Бог – рече Папата. Толку болести и гревови, па сепак Исус истакнува дека корен на сите зла е алчноста за пари. Поради тоа некои се одделија од верата и на себе си наметнаа многу маки. Парите се толку моќни што „одделуваат од верата, дури може да ти ја одземат; ја слабеат и на крајот ќе ја изгубиш“. Парите го упропастуваат умот, ја ослабнуваат верата и заведуваат на крив пат. Тие неважни работи, некорисни расправии … и така се по ред. Така доаѓа до завист, неслога, проклетство, злонамерни обвинување и конфликт, помеѓу луѓето со расипани умови и лишени од вистината, кои верата ја сметат за оргинална добивка. „Католик сум, одам на Света Литургија, бидејќи ми гаратира одреден статус. Добро котирам во општеството…“ Но, на крајот е важна добивката, зар не?! Ги обожавам парите.

А тогаш се слушат зборовите, кој многу често ги наоѓаме во весник: Луѓе со расипани умови. Парите го расипуваат човекот; од тоа не може да се побегне – рече Папата Фрањо. Ако се одлучиш за патот на парите, на крајот ќе бидеш скршен. Парите се толку заводливи што постепено те водат во пропаст. Ете зошто Исус гледа на парите многу строго. Не можеш да служиш на Бог и на парите. Невозножно е – или едното или другото! Ова не е комунизам, не! Ова е чисто Евангелие. Тоа се Исусови зборови. Како доаѓа до тоа? На почетокот благосостојба. Во ред… Потоа се чувствуваш важен и те окупира суетата. Читавме во псалмот дека доаѓа суета. Не е корисна, но се чувствуваш важен, тоа е суета. Краток е патот од суетата до гордоста и надуеноста. Според тоа три се скалите: богатство, суета и гордост – предупреди Светиот Отец. Никој не може да се спаси со парите. А сепак ѓавалот при искушувањето секогаш се користи со нив: богатство за да се почувствуваш самобендисан; суета – за да се почувствуваш важен; и на крајот – надуеност, гордост. Само гордоста е ѓаволски јазик. Некој би можел да каже: Оче, ги читам Десетте Божји заповеди и ниедна не говори лошо за парите. Ако некој настојува да стекне пари, против која заповед греши?“ Против Првата! Греши бидејќи му одава чест на идолот пари. А еве зошто: не може да се служи и на парите и на живиот Бог – или едното или другото. Црковните Оци во првите векови на Црквата, тврделе дека парите се ѓаволски измет. Тоа е вистина, бидејќи нас не претвора во идолопоклоници и паметот ни го трујат со гордоста; не претворат во болни за расправии за неважни работи, и нѐ оделуваат од верата и уништуваат – објасни Светиот Отец. Свети Павле нѐ советува да ги избегнуваме тие работи и да тежнееме кон праведност, побожност, вера и љубов, благост и трпеливост, а против суета и гордост. Тоа е Божји пат, а не оној со богохулна моќ кој произлегува од парите. Патот на служење на Бог е понизност. Нека Господ ни помогне да не паднеме во замката на обожавање на парите – заклучи Папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<