Папската енциклика Dilexit Nos за човечката и божествената љубов на Пресветото Срце Исусово е подготвена

Папската енциклика Dilexit Nos за човечката и божествената љубов на Пресветото Срце Исусово е подготвена

 Во четврток, на 24 октомври 2024 година, во Канцеларијата за печат на Светиот Престол ќе биде претставена енцикликата „Dilexit nos“ на папата Фрањо за човечката и божествената љубов на Пресветото Срце Исусово.

Текстот ќе го презентираат монсињор Бруно Форте, митрополит надбискуп на Киети-Васто и сестра Антонела Фракаро, врховна поглаварка на ученичките на Евангелието.

Минатиот 5 јуни, за време на Генералната аудиенција, самиот Папа ја објави својата намера да подготви „документ што ги обединува важните размислувања на претходните научителски текстови и долгата историја што датира од Светото Писмо, со цел денес повторно да се понуди, за целата Црква, култот на Пресветото Срце Исусово, полно со духовна убавина“.

„Верувам – заклучи Папата – дека ќе ни биде многу корисно да размислуваме за различните аспекти на љубовта Господова кои можат да го осветлат патот на црковната обнова; но и кои ни кажуваат нешто важно за светот кој изгледа дека го изгуби срцето. Ве молам да ме придружувате во молитвата, во ова време на подготовка, со намера овој документ да биде достапна следниот септември“.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот