Папската детска болница Бамбино Џесу во Рим остро го осуди ширењето лажна вест, во која се посчува дека три деца починале по вакцинацијата
Во соопштението се истакнува дека е лажна веста, која се шири на Фејсбук и социјалните мрежи во која се тврди дека три деца починале во таа педијатриска болница веднаш по вакцинацијата против коронавирусот. Веста нема никаква основа, но останува голема тема за измислување и ширење на оваа невистина, истакнува управата на болницата, додавајќи дека е пријавено на Фејсбук и го предупредиле нивниот правен оддел.
Тие посочуваат дека во нивната болница нема случаи во кои од вакцинацијата има несакани последици. Повторуваат дека вакцинацијата е најефикасното и најбезбедното оружје за спречување на потешките последици од инфекцијата со коронавирус и кај децата. На крајот од објавата, раководството на Папската педијатриска болница им се заблагодарува на сите кои ј објавија дека веста е лажна.
Ватикан њуз/к.мк