Папите Иван ХХХІІІ и Иван Павле ІІ на 27 април 2014 ќе бидат прогласени за светци
Во понеделник 30 септември во салата Клементина во Апостолската палата во Ватикан папата Фрањо одржа конзисториум за канонизација на блажените Иван ХХХІІІ и Иван Павле ІІ. За време на конзисториумот папата Фрањо издаде декрет во кој се посочува дека папата Ронкали и папата Војтила ќе бидат прогласени за светци на 27 април 2014 година, втората недела од Воскресението Христово, недела на Божјото милосрдие, јавено е од Канцеларијата за на Светата Столица.
Објавата за канонизација се очекуваше од јули кога Папата Фрањо го потврди второто чудо на Иван Павле II, со што се отвори патот за најбрза канонизација во модерната доба. Веќе неколку недели тој ден се спомнуваше како можен датум за прогласување на свети двајцата Папи.
Се очекува свеченоста да привлече стотини илјади верници на плоштадот Свети Петар, посебно од Италија и Полска. Папата Фрањо ја одобри канонизацијата на Папата Иван XXIII иако нему му се припишува само едно чудо после смрта. Иван XXIII беше на Петровиот престол од 1958 до 1963 и заслужен е за низа реформи кои ја осовременија Црква. Истотака го свика Вториот ватикански собор.
Иван Павле II во историјата е прв Папа од Полска, посебно популарен, а ќе биде канонизиран во рекорден рок, само девет години од неговата смрт. Папата Бенедик XVI одлучи дека не треба да го чека задолжителниот рок од пет години после смрта за почеток на процесот на беатификација и Иван Павле II беше прогласен за блажен веќе во мај 2011.
Д.И.