Папата зборуваше за овој проблем co родителите, наставниците и децата – и не се двоумеше да го нарече “Дело на Сатаната”.
Од почетокот на неговиот понтификат, папата Фрањо е многу чувствителен на проблемот со малтретирањето. Тој зборуваше со родителите и наставниците, и со децата и адолесцентите за малтретирањето во бројни прилики.
Следува избор од 10 цитати во кои папата Фрањо го спомнува малтретирање и ги повика луѓето кои го слушаат да дејствуваат во името на децата кои можеби се жртви.
- “За жал, малтретирањето е “воздух “што нашите деца често го дишат. Лекот е да ги натераме да дишат поинаков воздух, поздрав и похуман. Затоа сојузот со родителите е многу важен”.
- “Сојузот со родителите е многу важен (…). Ни треба ново соучество помеѓу наставниците и родителите. Да, сакам да кажам “соучество” (…). Треба да ја обновиме нашата посветеност да работиме заедно за доброто на децата и младите”.
- “Ние мора да престанеме да размислуваме за себеси како да сме на спротивни страни, обвинувајќи се меѓусебно. Наместо тоа, треба да се ставиме во чевлите на другите, да ги разбереме објективните тешкотии со кои се соочуваат двете страни денес во образованието и со тоа да создадеме поголема солидарност: соучество во солидарност”.
- “Идејата е да се работи заедно за да се формираат деца кои ќе бидат отворени личности, кои ќе бидат ослободени од раширената предрасуда која вели дека за да бидете достојни треба да бидете конкурентни, агресивни и тешки за другите – а особено тешки за оние кои се различни, странци, или кои на некој начин изгледаат како да се пречка за твојата сопствена самоафирмација”.
- “Во овој културен предизвик (против малтретирањето во училиштата), решавачките основи се поставуваат во годините на основното образование на децата.
- “Денес ние постојано го гледаме феноменот на малтретирање во училиштата, луѓе кои ги напаѓаат слабите: “бидејќи си дебел” или “затоа што си таков, или странец, или црн или поради тоа …” Напад, напад … Деца, деца … Исто така деца. Ова значи дека има нешто во нас што нè тера да го правиме тоа. Да се биде агресивен против слабите. И мислам дека ова е едно од дамките на оригиналниот грев. Тоа е дело на Сатаната”.
- “Исто како што, кога имаме желба да направиме добро дело, добротворна работа, велиме дека “Светиот Дух ме инспирира да го сторам тоа”, кога чувствуваме желба во нас да ги нападнеме слабите, без сомнение: тоа е ѓаволот. Бидејќи работата на ѓаволот е да ги напаѓа слабите.
- “Јазикот на гестовите, што понекогаш е шлаканица, насмевка.(…) насмевка која дава надеж, поглед во очите, гестови на одобрение или трпеливост, на толеранција. Оставајќи ги настрана агресијата, малтретирањето – тоа е веќе друга работа. Заплашувањето е форма на агресија што крие длабока суровост, а светот е суров. Светот е суров “.
- “Нашиот свет треба да го намали нивото на агресија. Потребна му е нежност, потребна му е кроткост, треба да сослуша, треба да оди заедно.
- “Постои феномен во овие времиња што ме загрижува. Тоа е малтретирањето. Бидете внимателни (…) Никогаш не го правете тоа [малтретирањето] и, пред сè, никогаш не дозволувајте тоа други да го прават. Ветете! (…) Дали во твоето училиште или во соседството постои некој кој е навредуван или подбиван затоа што е дебел или тенок, или затоа што има дефект?Дали уживате во тоа да го засрамите или пак го тепате поради тоа? Размисли за ова. “
Алетеија/к.мк/ Масоти Долорес/Кате М.