Папата Фрањо во новата книга одговара на прашања од деца

Папа Фрањо одговори на 30 прашања кои му ги поставија деца од целиот свет. Американскиот Loyola Press ги објави одговорите на Папата во облик на книга со наслов „ Драг папа Фрањо“. Исусовската издавачка куќа пристапи кон Папата со таа идеја минатата година и доби потврден одговор.

Затоа Исусовците од целиот свет собраа прашања од деца на возраст од 6 до 13 години, вклучувајќи католици и некатолици, со која се приложени цртежи од децата кои се, исто така се објавени во книгата. Вкупно се примени 259 прашања од 26 земји на 14 јазици.

Одговор на прашања од деца

„Бог љубеше“, „Бог секогаш љуби, Бог е љубов“ – така папа Фрањо одговори на прашањето „Што Бог правеше пред да го создаде светот?“ На прашањето што би направил Папата кога можел да направи едно чудо, одговори: „Би ги излечил сите деца“, додавајќи дека „сé уште не успеал да сфати зошто децата страдаат“. Тоа е тајна која не знам ја објаснам – признава Папата. „Мојот одговор на прашањето на децата е молчење или, пак, збор кој се раѓа од солза“.

„Зошто денес нема повеќе чуда?“ – е едно од прашањата на кое одговори Папата: „Кој ти го кажа тоа? Тоа не е вистина! Чуда има и денес“. Папата го наведе „чудото на луѓето кои страдат, а не ја губат верата“, како и мачениците на Блискиот Исток, кои подобро ќе ја поднесат смртта отколку да ја отфрлат верата во Исус. И самиот папа Фрањо – како што пишува – искусил многу чуда. Тие не биле „спектакуларни. Не сум видел никој да оживее од мртвите. Но сум видел многу секојдневни чуда во својот живот“.

На едно момче кој ја изгубил мајка си, Светиот Отец напиша дека таа сега е „во небото“ и дека е „убава како никогаш“. „Секој пат кога ќе те види“ – додаде – „твојата мајка е среќна ако ти убаво се однесуваш. Ако не, сеедно ти посакува добро и го моли Исуса да те направи подобар.“

Не сме затвореници кои страдаат – Исус нé спаси

Мохамед, момче од Сирија, на Папата му напиша дека „лошите луѓе произведуваат оружје за да се војува“. „Постојат луѓе кои во срцето имаат омраза“ и „тоа е страшно“. Но тоа страдање – нагласи – не е засекогаш. Ние не сме затвореници кои страдаат, затоа што Исус дојде да нé спаси и го победи ѓаволот. Ѓаволот е поразен на крстот и затоа толку многу се плаши од крстот – напиша Светиот Отец.

Едно кинеско момче го прашал дали неговиот дедо, кој не е католик, ќе оди во небото. Одговорот на Папата е дека „Исус силно нé сака и сака сите да одиме во небото. Божја волја е сите да се спасат“. Во тој контекст раскажа една случка од животот на светиот арски парох: вдовица, чиј маж се самоубил скокајќи од мостот, а која очајувала мислејќи дека тој сигурно е во пеколот, светецот ѝ одговорил дека „помеѓу мостот и реката се наоѓа Божјето милосрдие“.

Министрант кој играл фудбал, танцувал танго и сакал да биде месар

Многу прашања имало и за приватниот живот на Папата. „Не можам да се замислам различно, туку како отец“ – напиша – „ме радува да бидам со луѓето“. „Ако не успеам да бидам со народот, тогаш сум со Исус и му зборувам за народот“. На прашањето за „омилено место за молитва“, одговори дека „му се допаѓа да моли било каде“. „Можам да молам додека шетам или дури кога одам на заболекар. Бога го наоѓам насекаде“. А што му е, пак, најтешко да работи? „Да отпушти некого од одговорната задача или положба“. За мене – напиша – „навистина е многу  тешко да отстранам некоја личност“. „Верувам во луѓето, во соработниците, луѓето кои ми се доверени. Лошо се чуствувам кога морам некој да отпуштам, но понекогаш и тоа е потребно“.

Имаше и повеќе прашања за неговото детство. Така призна дека како момче многу сакал да танцува танго, дека сакал да биде месар затоа што „мислел дека месарот е многу богат“, а се сетил и на своите министрантски денови, напоменувајќи дека сакал да служи на светите Литургии и да си игра во улога на свештеник. Исто така, сакал да игра фудбал, истакнувајќи колку е убаво да се игра заедно и да се настојува за добро на сите, не размислувајќи за сопствено добро или желба да се покаже. Така би требало да биде и во Црквата – напиша папата Фрањо.

Совет на Папата за тоа како да им помогнат на своите родители

Сите се караат, и јас се карам – призна понатаму, напоменувајќи дека „нормално е луѓето да  се расправаат, а така е и со родителите“. Сеедно, „никогаш не треба денот да заврше без помирување“. „Ако сакаш да им помогнеш на своите родители, пред сé ти советувам никогаш да не ѝ зборуваш на мајка ти лошо за татко ти или на татко ти лошо за мајка ти“ – препорача Папата на децата. Можете „да го пронајдете Бога во своето семејство, посакувајќи им добро на своите родители“.

Зошто Исус не даваа сите да јадат? Одговарајќи на тоа прашање, Светиот Отец истакна дека „проблемот не е Исус, туку злобните и егоистични луѓе кои сакаат сé да задражат за себе и не сакаат да споделуваат“. Поради тоа, „треба да научиме да го делиме богатството кое го имаме“. А зошто Исус ги одбра некои за апостоли, а некои не? Исус – одговори Папата, не избира масовно, туку секого поединечно. А сите сме избрани по Исусовата љубов. Тој никого не исклучува од своето срце.

Три желби на Папата

Имаат ли и лошите луѓе ангел чувар – го интересираше едно девојче од Никарагва, а папа Фрањо потврди дека сите имаме. Добар начин како „да им помогнеш на лошите луѓе е да ги молиш нивните ангели чувари да им помогнат да станат добри“. Ги повика сите деца да одат на веронаука затоа што тоа ќе им помогне подобро да го запознаат Исус и неговото големо семејство, Црквата. На крајот одговри на прашањето што би сакал уште да направи во својот живот. Секогаш да биде насмеан, а пред сé да има насмевка за Бог. Да му благодари на Бога на неговото трпение и добродетелство и да им помогне на луѓето кои страдаат – се трите желби на Светиот Отец.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот