Папа Фрањо во Најроби: сиромаштвото го поддржува тероризмот

Мунгу абарики Кенија! Нека Бог ја благослови Кенија! Беа првите зборови на папа Фрањо на свахили, службен јазик во таа земја, кој ги изговори на крајот на говорот во Претседателската палата, во која е одржана свечесноста за добредојде. Светиот Отец пристигна во аеродромот „Јомо Кенијата“ околу 16:40, порано отколку што беше предвидено. Таму го пречека претседателот Ухур Кенијата со сопругата и претставници на граѓански и верски власти. Пречекот на Папата беше навистина срдечен, со типични африкански бои, звуци, радост и живост. Откако пристигна во Претседателската палата, приватно се сретна со кенскиот Претседател, а потоа го одржа првиот говор, упатен кон властите и дипломатскиот хор.

Кенија е млада и силна земја – рече Папата – заедница од богати различности, која има важна улога во овој регион; која заедно со другите африкански земји, се залага за меѓусебно почитување, дијалог и соработка и да гради мултиетничко општество кое навистина ќе биде складно и праведно  – истакна Светиот Отец. Таа е исто така земја на млади – додаде Светиот Отец и напомена дека заштитата на младите и вложувањето во нив се најдобар начин за гарантирање на иднината достојна со духовни вредности кои се срце и душа на народот.

Потоа Папата се осврна и на темата за животната средина, која во Африка е многу важна. Кенија поседува бесконечна убавина и богатство на природни извори, но кризата во животната средина зафаќа сé повеќе чувствителност што се оденсува на односот помеѓу човечкото битие и природата – рече Папата и истакна дека сите сме одговорни за пренесувањето на убавината на природата на идните генерации во нејзината целосност и должни сме добро да управуваме со даровите кои сме ги примиле.

Постои јасна врска помеѓу заштита на природата и градење на праведен и изедначен општестевн поредок – истакна папа Фрањо. Односот со природата не може да се обнови без обнова на самиот човечки род. А за таа цел е потребно – според зборовите на Папата – да се работи на помирување и мир. Искуството, имено, покажува дека  насилството, конфликтите и тероризмот го поддржуваат стравот, недовербата и безнадежноста, кои прозилегуваат од сиромаштвото и потиштеноста.

Поради тоа папа Фрањо го охрабри кенискиот народ за целосно и транспарента работа за општо добро и да го промовираат духот на солидарноста. Ве молам да покажете грижа за потребите на сиромашните, за копнежот на младите и за праведна распределба на богатството со кое Создателот ја благослови вашата земја – рече на крајот Светиот Отец.

Во спомен на присуството на папа Фрањо, во паркот на Претседателската палата е посадено младо маслиново дрво како знак на доверба во иднината.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот