Наш предизвик е да се направат срцата на мажите и жените од нашево време да бидат полни со жар – рече папата Фрањо, примајќи ги на ауденција околу 300 учесници на Меѓународната средба на академските центри и училишта за нова евангелизација, која започна на 19 Септември и завршува на 22 Септември. Темата на средбата, организирана од Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација, е: „Дали е можно да се запознае Бог? Начини на новата евангелизација“.
Наш предизвик е да се направат срцата на мажите и жените од нашево време да бидат полни со жар – рече папата Фрањо, примајќи на аудиенција околу 300 учесници на Меѓународната средба на академските центри и училишта за нова евангелизација. Темата на средбата, организирана од Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација, е: „Дали е можно да се запознае Бог? Начини на нова евангелизација“. Во срцето на темата, Папата го истакна прашањето, како да се поттикне желбата да се сретнеме со Бог и покрај знаците што го засенуваат неговото присуство.
На многумина од нашите современици им се случува да не успеат да ја препознаат Божјата близина, како што се случи со учениците на Емаус. Сепак, Тој постои – рече Папата, напоменувајќи: Нашиот предизвик е да го направиме нашето срце да гори и да ги чувствува чудата од тоа присуство. Овој предизвик има многу пречки. Честопати се случува Црквата за денешниот човек да е студена меморија, ако не и горчливо разочарување, како што животот на Исус беше за учениците на Емаус. Многумина, особено на Запад, се под впечаток дека Црквата не ги разбира и е далеку од нивните потреби. Некои ја осудуваат дека е премногу слаба кон светот, додека други ја гледаат премногу моќна во однос на големата сиромаштија во светот.
Црквата не постои за да се навестува сама себе, таа мора да го чувствува жарот на внесувањето на евангелието во сегашноста, мора да се откаже од искушението да биде како музеј, каде што сè е на свое место – рече Светиот Отец и продолжи: Има многу деца за кои Таткото сака тие да се чувствуваат како дома. Тоа се наши браќа и сестри кои често живеат напорен и забрзан живот или носат длабоки рани во себе, додека се опкружени само со надворешна благосостојба. Ниту еден паметен телефон или нешто слично не може да им донесе радост како едноставните работи и мирот што ја дава молитвата.
Нивното прашање често не знаејќи одговара на најдлабоките потреби: Да се сака и да се биде сакан; да бидат прифатени како што се; да се најде мир и радост што траат повеќе од забава – рече папата Фрањо, додавајќи: „Ние го најдовме сето ова во личноста на Исус Христос и нашата мисија е да ги среќаваме нашите современици за да им ја пренесеме Неговата љубов. Не толку многу со поучување, никогаш со осудување, туку ние треба да бидеме нивни придружници на патот.
Не смееме да замислиме дека веднаш имаме и можеме да дадеме подготвени одговори, туку мора да ги споделиме со нив зборовите на животот кои не се насочени кон прозетилизам, оставајќи простор за креативна моќ на Светиот Дух, кој го ослободува и го обновува срцето од ропството што притиска врз него – рече Папата и истакна: Да се навестува Бог не значи да се зборува за Бога, не значи да се оправдува Неговото постоење. И ѓаволот знае дека Бог постои! Да се навестува Господ, значи да се сведочи радоста дека го познаваме и да помагаме да се живее во убавината на средбата со Него.
Неопходно е да им се пристапиме на оние што имаат потреба, да се градат мостови, да им служиме на оние што страдаат, да се грижиме за сиромашните, да ги погалиме со трпение оние што се близу до нас, да ги утешуваме обесхрабрените, да ги благословиме оние што прават зло. На овој начин ќе станеме живи знаци на Љубовта која ја навестуваме – заклучи Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк