Во своето обраќање по молитвата Ангел Господов во недела 10 јануари 2021 година библиотеката на Апостолската палата, папата Фрањо повика на смирување на тензиите во САД по минатонеделните немири во американскиот Конгрес.
„Драги браќа и сестри, од срце го поздравувам народот на Соединетите држави, потресен од неодамнешното насилно заземање на Конгресот. Се молам за смртно настраданите, пет лица ги загубија животите во тие драматични моменти. Сакам да повторам дека насилството е секогаш автодеструктивно. Со насилство ништо не добиваме и секогаш губиме. Ги повикувам властите во таа земја и сите жители да го задржат високо чувство на одговорност со цел да ги смират духовите, како би се птоттикнало национално помирување и да се заштитат демократските вредности вкоренети во американското општество. Нека Пречистата Дева, заштитничката на Соединетите држави, помогне во одржувањето на културата на средба, културата на грижа како главен пат за заедничко градење на општото добро, со сите оние кои живеат во таа земја“ – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк