Два конфликти се посебно на срце на папата Лав XIV. кој на крајот од Генералната аудиенција одржана во среда, 28 мај 2025 година, на плоштадот „Свети Петар“, упати силен апел да се запре вресокот со оружјето, да се моли за мир и да се поддржи дијалогот и прекинот на огнот
Безживотните тела на децата, уништените домови, очајот на оние што остануваат и се соочуваат со необјаснива и бескрајна болка. Ова се сцени кои силно потсетуваат на војната во Украина и офанзивата во Појасот Газа. Папата Лав XIV. не е рамнодушен кон она што се случува и, откако ја презеде службата на Петар, не се изморува да поттикнува за мир и заштитата на цивилите.
Првите мисли на крајот од денешната Генерална аудиенција, ги упати кон украинскиот народ, погоден – како што рече – од нови тешки напади врз цивили и инфраструктурата. Овие акции продолжуваат додека се работи на дипломатско ниво, по предлогот на украинскиот претседател Зеленски за одржување трилатерален самит со американскиот претседател Трамп и рускиот претседател Путин, во обид да се договори прекин на огнот.
Ја ветувам мојата близина и молитви за сите жртвите, посебно за децата и нивните семејства. Уште еднаш апелирам да се запре војната и да се поддржи секоја иницијатива за дијалог и мир. Ги молам сите да се обединат во молитва за мир во Украина и насекаде каде што има страдање поради војната.
Безбедно засолниште
Истото страдање се доживува и во Појасот Газа; затоа, Папата ги посвети своите мисли посебно за убиените деца.
Од Појасот Газа, сè посилен е плачот на мајките и татковците, кои се воздигнува до небо, кои ги прегрнуваат безживотните тела на своите деца и се принудени постојано да се одат во потрага по малку храна и побезбедно засолниште поради бомбардирањата.
УНИЦЕФ објави страшни бројки: од октомври 2023 година, повеќе од 50.000 деца се убиени или ранети, додека повеќе од четириесет лица се ранети од огнено оружје во близина на центари за дистрибуција на помош во Газа. Барањето на Папата е јасно:
Повторно апелирам до одговорните: прекинете го огнот; Нека бидат ослободени сите заложници и целосно нека се почитува хуманитарното право.
Спомен на полскиот кардинал Вишински
Поздравувајќи ги полските поклоници, папа Лав XIV. го спомена блажениот кардинал Стефан Вишински, вашиот – како што рече – примас на милениумот, кој, во периодот на прогонството на Црквата во Полска, и покрај затворот, остана верен пастир на Христос. Папата ги охрабри верниците да обрнат внимание на неговото сведоштво за единството во Црквата, изразено преку жртва и дијалог.
Ватикан њуз/к.мк