Митрополитски палиум

Пред Генералната аудиенција во среда 21 јануари во предворјето на домот Света Марта, на Папата му беа покажани двете јагниња, кои претходно беа благословени во базиликата света Јана во Рим, а по повод литургискиот спомен на света Јана.

Од нивната волна, имено ќе се направат палиумите за новите архиепископи митрополити. За потсетување, палиумот е литургиски знак на чест и власт, која на рамењата ги става Папата, а архиепископот митрополит во своте цркви. Палиумот е тесна врвка од бела волна, украсена со шест крста извезени со црна свила. Папата ги предава палиумите на митрополитите, за време на обредот кој се одржува на празникот на светите апостоли Петар и Павле 29 јуни.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот