Папата Фрањо во Ирак: Молитва на Авраамовите деца

Папата Фрањо во Ирак: Молитва на Авраамовите деца

На 6 март 2020 година за време на Апостолската псоета во Ирак, папата Фрањо упати молитва за време на меѓурелигиската средба во Ур на Халдејски, античкиот град од каде започна патот на верата на патријархот Авраам.

Семоќниот Бог, нашиот Создател, кој го љуби човечкиот род и сето она што твоите раце го создадоа, ние, синовите и ќерките на Авраам, следбеници на јудаизмот, христијанството и исламот, заедно со другите верници и сите луѓе со добра волја, ти благодариме за фактот што ни го дадовте како заеднички татко на верата Авраам, извонреден син на оваа благородна и скапоцена земја.

Ти благодариме за неговиот пример за човек со вера кој те послуша до крај, оставајќи го своето семејство, роднини и татковината и замина во земја што не ја познаваше.

Исто така, Ти благодариме за примерот на храброст, непоколебливост и сила на духот, дарежливост и гостопримливост што ни ги даде нашиот заеднички татко во верата.

Ти благодариме, посебно за неговата херојска вера, покажана во неговата подготвеност да го жртвува сопствениот син за да ја изврши твојата заповед. Знаеме дека тоа беше многу тешко искушение, од кое, сепак, тој излезе како победник, бидејќи безусловно ти веруваше на Тебе, кој си милостив и секогаш отвораш нови можности да се започне одново.

Ти благодариме, затоа што благословувајќи го нашиот татко Авраам, го направи благослов за сите народи.

Те молиме, Боже на нашиот татко Авраам и нашиот Бог, да ни дадеш силна вера, која прави добро, вера која ќе ги отвори нашите срцата за тебе и пред сите наши браќа и сестри; и неодолива надеж, способна насекаде да ја гледа верноста на твоите ветувања.

Направи го секој од нас да биде сведок на твојата грижа со љубов кон сите, посебно за бегалците и раселените лица, вдовиците и сираците, сиромашните и болните.

Отвори ги нашите срца за меѓусебно простување и направи нѐ орудија за помирување, градители на поправедно и братско општество.

Прими ги во твоето живеалиште во мир и светлина сите мртви, посебно жртвите на насилство и војна.

Помогни им на властите во потрагата и спасување на киднапираните лица, како и во посебната заштита на жените и децата.

Помогни ни да се грижиме за планетата, за заедничкиот дом што ни го даде преку твојата добрина и великодушност.

Помогни им на нашите раце за обнова на оваа земја и дај ни ја потребната сила за да им помогнеме на оние кои биле принудени да ги напуштат своите домови и земји за да можат безбедно и достоинствено да се вратат и да започнат нов, мирен и успешен живот. Амин.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот