Папата ќе ја посети Јужна Кореја
Папата Фрањо од 14 до 18 август ова година ќе престојува во Јужна Кореја. Тоа ќе биде негово трето Апостолско патување, објавено е денес (10 март) од Канцеларијата за печат на Светата Столица. Папата ќе појде на тоа патување – како што стои во соопштението – по повод шестиот по ред Ден на младите од Азија, кој ќе се одржи во бискупијата Даежеон. Но, како што објасни за медиумите гласноговорникот, патер Федерико Ломбарди, Светиот Отец исто така ќе ја предводи свеченоста за беатификација на група корејски маченици.
Во Азија треба да се оди. Папата Бенедикт XVI не стигна да отиде за Азија, а тоа е важно – рече папата Фрањо на 28 јули минатата година, по завршувањето на Светскиот ден на млади во Бразил, разговарајќи со новинарите во авионот враќајќи се во Европа. Во неговите зборови се чувствува личен поттик на пастир кој е навикнат за центар на своето послание да ја смета секоја периферија, но и силата на „видувањето“ од пред 15 години, во пресрет на јубилејот кога блажен Иван Павле II во Апостолското писмо ‘Ecclesia in Asia’, јасно истакнува дека како што во првиот милениум Крстот бил всаден на европско тло, во вториот на американскиот и африканскиот, така е можно во третиот милениум да се надеваме на голема жетва на верата на тој така голем и жив континент.
Папата кој за еден и пол месец ќе биде прогласен за светец, зборуваше од искуство, бидејќи двапати – во мај 1984 и во октомври 1989 година – го посети јужниот дел од тој полуостров поделен со 38 паралела. Папата Фрањо се подготвува да оди по неговите стапки 25 години подоцна, имајќи точно одредена мисла во срцето, веќе кажана на 13 јануари ова година на аудиенцијата со акредитираниот дипломатски кор при Светата Столица.
По повод 50 годишнината од дипломатските односи со Република Кореја, сакам да испросам од Бог дар на помирување на тој полуостров, со желба за доброто на целиот корејски народ заинтересираните страни да не се изморат во барањето на заеднички точки и можни решенија. Имено, Азија има долга историја на мирен соживот помеѓу своите различни граѓански, етнички и верски делови – рече тогаш папата Фрањо. Светиот Отец ќе појде на тоа патување за да зборува за мир во земјата која веќе 50 години живее во знакот на студена војна и да ги прегрне младите протагонисти на прославата, која би можеле да се сметаза еден вид Азиски Светски ден на млади.
Но, во срцето на папата Фрањо се наоѓа, и тогаш ќе биде, пред сѐ судбината на малата локална Цркви, малцинства кои хрониките повремено ги прикажуваат жива и активна, и која како и сите мисиски Цркви седи на рамењата на големи луѓе кои ја установиле по цена на крв. Тоа посебно признание ќе стигне токму од папата Фрањо кој во текот на посетата ќе го воздигне на олтарот слугата Божји Павле Јун Ји-чунг, лаик и 123 негови другари убиени од омраза кон верата во времето помеѓу 1791 и 1888 година и за кои Папата лично пред месец дена потпиша декрет за беатификација.
РВ/Д.И.