Папата ќе ја отвори Светата врата во базиликата Свети Петар
Вторник, 8 декември 2015 година, на празникот Безгрешно Зачнување на Пресвета Богородица, по повод почетокот на Јубилејот на милосрдието, папата Фрањо на плоштадот Свети Петар во 9.30 часот, ќе ја предводи светата Литургија и ќе ја отвори Светата врата на базиликата Свети Петар. Во недела, 13 декември, ќе ја отвори Светата врата на базиликата Свети Иван Латерански, а на 1 јануари 2016 година, онаа на Света Марија Велика. Во меѓувреме е одржана свечесноста т.н. „Recognitio“ на Светата врата на ватиканските базилики, односно еден вид „откривање“ на вратите.
Желбата е приминувајќи преку Светите врати да станеме „градители на мирот“, во моментот во кој е тој потребен. Молитвата е за тоа, за време на споменатата свеченост, Бог го водеше кардиналот Ангело Комастри во присуство на папскио церемонијал, монс. Гвидо Марини и претседателот на Папскиот совет за промоција на новата евангелизација, надбискппот Рино Физикела. Од овој момент молиме за сите оние кои во Годината на милосрдието ќе поминат низ Светите врати. Вистински да ги отворат срцата за Божјето милосрдие и да станат делители на мирот во светот во кој е многу потребен – рече кардинал Комастри.
За време на свеченоста, четири т.н. „sanpietrina“, одосно градители кои работат на редовно одржување на ватиканската базилика, го извадија ѕидот кој од внатрешната страна на базиликата ја прекрива Светата врата и ја извадија металната кутија со документите од последната Света година, прославена во 2000 година, која таму е сместена во моментот на затворањето на Големиот јубилеј.
После молитвата, со посебен пламен е отворена кутијата и од неа е изваден клучот со кој ќе биде отворена Светата врата, квака, спомен – медалјон и друго. Целата содржина од кутијата ќе биде предадена на папа Фрањо, заедно со кутиите од другите римски базилики, како што е онаа на Свети Иван Латерански, односно римската катедрала, чија Света врата е прва откриена во понеделник 16 ноември, во присуство на папскиот викар за градот Рим кардинал Агостино Валини.
РВ/Б.Р.