Папата ќе упати порака за Светското првенство во фудбал во Бразил
Со нетрпение се очекува моментот во кој, како што уште во април најави преседателката на Бразил Дилма Русеф, папата Фрањо ќе се обрати на почетокот на Светското фудбалско првенство во Бразил, истакнува Катпрес во пакетот вести поврзани со Светското фудбалско првенство.
Папата на Светското првенство ќе биде присутен, не лично туку во форма на „Моментот на Фрањо“ на натпреварот на отворањето помеѓу Бразил и Хрватска на 12 јуни, како што најави и шефот на ФИФА Јосеф Блатер по посетата на Ватикан, а пренесува Катпрес. За да се покаже пораката на мирот во фудбалските натпреварувања, за кој што се зазема и Папата, од стадионот ќе полетаат и голуби на мирот. Желбата на Папата е на работ на теренот да се постави маслинка, но тоа не е во согласност со правилата на ФИФА. Сепак, на Папата тоа веќе му успеа на пријателскиот натпревар меѓу Италија и Аргентина. По тој повод настапуваа и врвни играчи, како што се Лионел Меси, Марио Балотели и Џанлуиџи Буфон кои претходно го посетија Папата, а тој им предаде благословено маслиново гранче кое за време на натпреварот стоеше на работ на олимпискиот стадион во Рим. Тоа маслиново гранче на мирот после доби свое постојано место во Ватиканските градини.
„Пријател на фудбалот“ како што Блатер официјално го нарече папата Фрањо, го користи спортот како мост за пораки и за одбрани зборови. „Juegen Adelante!“, односно „Ајде играјте!“ рече Папата на Светскиот ден на млади во Рио на младите верници. Задачата на христијаните како и на целата Црква може да се спореди си оној на фудбалскиот тим: секогаш мора „напорно да тренираат“ и како Исус да бидат „ актери на историјата, а не само гледачи.“
К.мк/Д.И.