Посетата на светилиштето во Фатима е додадено во програмата на Апостолското патување по повод Светскиот ден на млади, бидејќи папата Фрањо сака на посебен начин да се помоли на Богородица за крај на војната во срцето на христијанска Европа, како и на сите војни. Објавата на Пресвета Богородица во Португалија, во 1917 година, е посебно поврзано со Русија и со Папите од последните сто години.
Тоа ќе биде втора посета на папата Фрањо на светилиштето на Пресвета Богородица во Фатима, каде што во мај 1917 година каде Дева Марија се објави на три деца, пастири – две од трите деца се веќе светци, додека третото е во процес на канонизација. Тие добија порака од Богородица која се однесува на иднината на човештвото.
Посетата во Фатима ќе трае неколку часа, каде Папата ќе пристигне со хеликоптер во сабота, на 5 август. Претходно програмата за Апостолската посетата на Папата вклучуваше само престој во Лисабон по повод Светскиот ден на младите. Папата Фрањо веќе беше во познатото богородично светилиште по повод канонизацијата на двајцата мали пастири Фрањо и Јакинта, по повод 100-годишнината од објавата, во мај 2017 година.
Фактот што Папата одлучи повторно да ја посети Фатима е поврзано со трагедијата од војната што ја доживува напатената Украина, која е нападната од руската армија, но и со бројни заборавени војни кои се во тек во светот. Тоа е гест на Римскиот бискуп кој може директно да се поврзе со она што го направи еден месец по избувнувањето на војната, кога ја посвети Русија и Украина на Безгрешното срце на Марија, обред кој самиот Папа го предводеше во базиликата Свети Петар на 25 март 2022 година.
Во пораката објавена од Богородица на малите пастири се бара токму посветување на Русија. Папата Фрањо пред 16 месеци молеше вака: „Го изгубивме патот кон мирот. Ја заборавивме лекцијата за трагедиите од минатиот век, жртвите на милиони загинати во светските војни. Ги запоставивме обврските што ги презедовме како Заедница на народи и ги изневеруваме соништата за мир меѓу народите и надежите на младите… Ти, ѕвездо на морето, не дозволувај да потонеме во бурата на војната… Ослободи нѐ од војна, спаси го светот од нуклеарната закана“.
Ватикан њуз/к.мк