Папата ќе патува во Турција
Отец Федерико Ломбарди, гласноговорник на Светиот Престол, одговарајќи на новинарско прашање за можна посета на Папата на Турција, потврди дека утрото на 12 септември е примена официјалната покана од турскиот претседател Реџеп Тајп Ердоган.
„Ќе се пристапи кон подготовките за патувањето на Папата, предвидена кон крајот на ноември, но времетраењето на посетата и програмата сѐ уште не се точно одредени“, рече патер Ломбарди.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан