Папата ќе го посети островот Лампедуса

Ватикан, 2.7.2013 /к.мк/ – Во понеделник 8 јули, папата Фрањо ќе го посети италијанскиот остров Лампедуса, повод е неодамнешната хаварија на бродот кој превезувал емигранти од Африка. Папата ќе предводи молитва за оние кои го загубиле животот на море и ќе ги посети преживеаните и беаглците. Исто така, тој ќе го повика локалното население и сите надлежни да покажат одговорност и грижа за нашите браќа и сестри во потреба.

Светиот Отец ќе предводи света Литургија со почеток во 10.00 часот на стадионот Арена, а потоа на кратко ќе ја посети парохијата Сан Герландо пред враќањето во Рим.

На крајот на месец јули Папата патува во Бразил на Светскиот ден на младите, кој ќе се одржува во Рио де Жанеиро од 23 до 28 јули.

Предходно е најавено дека папата Фрањо нема да го помине летниот одмор во папската резиденција во Кастел Гандолфо, но таму на 15 август ќе предводи света Литургија и молитвата Ангел Господов на празникот Успение на Пресвета Богородица.

Во текот на јули и август нема Генерални аудиенции во среда на плоштадот Свети Петар во Ватикан, но Папата во неделите и понатаму ќе ја предводи молитвата Ангел Господов.

Следната Генерална аудиенција ќе се оджи на плоштадот Свети Петар во среда 4 септември 2013.  (Превод:Е.А.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<