Папата ќе го благослови олимпискиот крст и сликата на мирот
Рио де Жанеиро 23.7.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо за време на средбата со претставниците од спортскиот свет во Бразил на 25 јули заедно со олимписките знамиња ќе ги благослови олимпискиот крст и сликата на мирот, најави на 22 јули организацискиот одбор на Светскиот ден на млади. Според еден од директорите на Одделот за пасторална подготовка на Светскиот ден на млади, отец Леонардо Ленин, архиепископијата Рио де Жанеиро планира да започне, во светло на Светскиот ден на млади, пасторална кампања во пресрет на олимписките игри кои ќе се одржат во Бразил во 2016 година. Еден од пасторалните плодови на Светскиот ден на млади се состои во сфаќање на спортот како поле за нова евангелизација и веќе ден после неговото завршување планираме да ја започнеме таа работа, рече Ленин.
После Светскиот ден на млади се предвидува започнување на иницијатива „100 дена мир – Олимписко примирје”. Станува збор за кампања со разни активности кои ќе се одржат пред, во текот и после Олимпијадата во Бразил со цел да се допре до младите спортисти и јавноста со предлог за нова евангелизација преку спортот.
Олимпискиот крст и сликата на мирот ќе посетат дваесет градови во кои ќе се одржува Светското фудбалско првенство 2014 година. Крстот е изработка на Јохан Корнвел од Лондон кој за неговата изработка користел дванаесет видови на дрво кои потекнуваат од цел свет и ги претставуваат дванаесетте Христови ученици. На сликата пак, е прикажан Крст, извор на помирување, ослободување и мир, и е дело на Pax Christ International. Сликата е носена со олимпискиот крст на Олимпијадата во Лондон во 2012 година. Плод е на делувањето за мир и помирување на Блискиот исток, а настанала во манастирот свети Јован во пустината, во близина на Ерусалим.
Б.У