Папата: Љубовта е конкретна и комуницира

Папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 7 мај во капелата на домот Света Марта се фокусираше на критериумите на вистинската љубов. Таа е конкретна и комуницира, се соопштува – рече потпирајќи се на Духовните вежби на свети Игнациј.

И клаузурните монаси и монахињи – рече Папата – всушност не се изолираат, туку соопштуваат вистинска љубов.

Во денешниот дел од Евангелието Исус бара  да „останеме во Неговата љубов“, а тие се „два критериуми“ – рече Папата – кои ни помагаат да ја разликуваме вистинската од лажната љубов.“ Првиот критериум е што љубовта се искажува „повеќе со дела отколку со зборови“; односно тоа не е „љубов од сапуниците“, „фантазија“ или приказна која „малку ни го растресува срцето и ништо повеќе.“ Вистинската љубов е во „конкретните дела“. Затоа Исус ги предупредува своите ученици: Нема да влезе во Царството небесно секој кој зборува: Господи! Господи! Туку оној кој ја врши волјата на Мојот Отец; оној кој ги извршува Моите заповеди“ – парафразираше Папата.

Тоа значи дека вистинската љубов е конкретна, дека се искажува со дела, дека е постојана. Не е само ентузијазам, занес. Често се работи за болна љубов: да помислиме на љубовта на Исус која го носи крстот – рече Светиот Отец, истакнувајќи дека Исус нè поучува кои се тие дела на љубовта во 25-тата глава од Евангелието по Матеј: гладниот нахрани го, жедниот напој го, странецот прими го, итн. „Оној кој љуби така постапува“ – рече Папата, истакнувајќи дека и Блаженствата се Исусова „пасторална програма“, конкретна.

Една од првите ереси во историјата на христијанството – истакна Светиот Отец – била гностицизмот која зборувала за „далечниот Бог“ во која „немало конкретност“. Напротив љубовта на Отецот „била конкретна“ – Го испратил Својот Син“  Кој се „овоплотил за да нè спаси.“

Вториот критериум за вистинска љубов – продолжи папата Фрањо – е да се „комуницира“, да се соопштува, да „не останува изолирана. Љубовта дарува што има и прима се остваруваа таа комуникација, таа поврзаност на Отецот и Синот која – рече Папата – ја создава Светиот Дух.

„Нема љубов без соопштување, нема изолирана љубов“. И клаузурните монаси и монахињи тоа го прават: „со Господ, со оние кои одат да Го пронајдат Божјото Слово… Вистинската љубов не може да се изолира. Ако е изолирана не е љубов“ туку облик на егоистична духовност“. Да останеш затворен во самиот себе, барајќи ја сопствената корист, тоа е егоизам – рече Светиот Отец.

Вистинска љубов „не е лесна“ бидејќи – како што рече – егоизмот, сопствените интереси нè влечат да не правиме конкретни дела и да не комуницираме, да не ја соопштуваме. А што зборува Господ на оние кои остануваат во Неговата љубов? Исус вели: Тоа ви зборував мојата радост да биде во вас и вашата радост да биде потполна.“ Таа е радоста која често оди заедно со крстот. Но, таа радост – како што самиот Исус рекол – никој не може да ни ја одземе. Светиот Отец проповедта ја заврши молејќи Господ да ни даде милоста на „радоста која светот не може да ни ја даде.“

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот