Папата ја посети управата на Дружбата Исусова

Во четврток 31 јули 2014 година папата Фрањо го посети седиштето на Дружбата Исусова во Рим. Папата кој и самиот е исусовец, ручаше во тамошната менза заедно во своите собраќа. Освен тоа се сретна и со младите исусовци кои моментално се наоѓаат на школување во Рим.

Откако го започна својот понтификат папата Фрањо прв го посетува седиштето на својата монашка заедница, кое се наоѓа во близина на плоштадот Свети Петар. Повод за посетата беше празникот на основачот на Дружбата Исусова, свети Игнатиј Лојолски. Минатата година Светиот Отец на тој ден славеше света Литургија заедно со сите исусовци во градот Рим

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот