Папата Фрањо ги продолжува посетите на парохиите на неговата бискупија за да се сретне со свештениците. Попладнето, во петок 5 април 2024 година, посети парохиа во североисточниот дел на Рим, во областа Касал Монастеро. Разговорот со свештениците од XI. префектура на Северниот сектор се одржа зад затворени врати, во присуство на помошниот бискуп Даниеле Салера.
Света Марија на Здравјето во областа Примавале во септември, Света Марија Мајка на болните во ноември, Свети Ѓорѓи во Ацилија декември и сега, во април – по пауза од неколку месеци – Свети Ерик во областа Касал Монастеро се парохиите кои папата Фрањо ги посети во последните неколку месеци.
Петровиот наследник продолжи со серијата посети на парохиите во предградијата на Рим за да се сретне со свештениците, иницијатива започната во септември 2023 година. Така, тој ја продолжува обиколката во својата бискупија (прекината поради пандемијата) и на некој начин и познатите „Милосрдни петоци“ иницирани за време на јубилејот на милосрдието, при што посети места „на рабовите“ на главниот град. Во петокот околу 16 часот – како што соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол – папата Фрањо ја посети црквата во североисточниот дел на главниот град, посветена на светецот кого Бенедикт VIII. во 1014 година, го посвети за цар на Светото Римско Царство. Станува збор за мала и гостољубива населба, но во која населението страда од општо чувство на напуштеност и запоставување на областа.
По неговото пристигнување, по патување од околу 40 минути, Папата беше пречекан од парохискиот свештеник Дон Масимилијано Мема и 35 свештеници од префектурата, со кои римскиот бискуп, како и во други прилики, остана зад затворени врати разговарајќи на различни теми, претежно од пасторална природа.
Ватикан њуз/к.мк