Папата Фрањо ги повика црквите ширум светот да се придружат на духовденското бдение што ќе се одржи во црквата Свети Стефан во Ерусалим по поттик на католичките бискупите.
Универзалната црква обединета преку духовденското бдение кое ќе се одржи во Ерусалим – најави папата Фрањо во петок 21 мај 2021 година, на крајот од говорот одржан пред новите амбасадори акредитирани во Светиот Престол. Папата ги повика црквите ширум светот да молат и да испросат мир во Светата Земја, обединувајќи се во бдение кое го организираат католичките бискупи во Светиот град.
Мислам на она што се случува овие денови во Светата Земја – рече Папата. Му благодарам на Бога за одлуката да запрат вооружените судири и се надевам дека ќе следат патишта на дијалог и мир. Утревечер, католичките обичаи во Светата земја, заедно со своите верници, ќе учествуваат во духовденско бдение во црквата Свети Стефан во Ерусалим, молејќи се за дарот на мир.
Ја користам оваа прилика – додаде Папата – да ги охрабрам сите пастири и верници на Католичката црква да се обединат со нив во молитва. Во секоја заедница нека се возидгне молитва до Светиот Дух, така што Израелците и Палестинците ќе најдат начин за дијалог и прошка, ќе бидат трпеливи градители на мирот и правдата, отворајќи се чекор по чекор кон заедничката надеж, соживотот меѓу браќата – рече Папата.
Ватикан њуз/к.мк