По отворањето на Светата врата во базиликата Свети Петар на Бадник, во четврток 26 декември 2024 година Фрањо ја отвори Светата врата во римскиот затвор Ребибија, а со тоа и симболично во сите затвори во светот каде затворениците ја издржуваат казната.
Чукајќи шест пати на бронзената врата од десната страна на фасадата на затворската капела, Папата го повика епископот Бенон Амбаруш, задолжен за пасторалната грижа на затворениците, да му помогне да ги отвори вратите на овој најголем римски затвор, во кој се сместени околу 2.500 затвореници и жени. По влегувањето, Папата виде измачени мажи и жени, млади и стари, со различна боја на кожа, облечени во маици, со тетоважи на вратот, голи глави и долги бради и луѓе во униформи и вратоврски. Оваа реалност многу го трогна Папата и забележа дека тоа може да му се случи и нему.
Во во проповедта за време на светата Литургија ги повика присутните да ги отворат вратите на нивните срца, бидејќи – како што рече – затворените и тврдите срца не помагаат да се живее.
Затоа благодатта на јубилејот е да ги отвори срцата широко за надежта. Надежта никогаш не разочарува. Размислете добро за ова, бидејќи и јас не мислев така, со оглед на тоа дека во лоши моменти човек си мисли дека се е готово и дека ништо не може да се реши. Но, надежта никогаш не разочарува! Сакам да размислувам на надежта како сидро на брегот. Таму, со јаже во рака, сме безбедни, бидејќи нашата надеж е како сигурно и цврсто сидро на душата. Не губете надеж. Сакам да ја пренесам оваа порака до сите вас, до сите нас, прво на себе – на сите. Не губете надеж! Надежта никогаш не разочарува. Никогаш!
Папата на повеќе начини ги повика присутните да ги отворат вратите на нивните срца.
Кога срцето е затворено, станува тврдо како камен; заборава на нежноста. Исто така, во најтешките ситуации, секој од нас има свое – полесно или потешко, мислам и на вас – но секогаш со отворено срце; затоа што срцето е тоа што нè прави браќа. Широко отворете ја вратата на срцето. Сите знаат како се направи тоа!
Тој на крајот им го честита големиот јубилеј и им посака изобилен мир, нагласувајќи дека не е фраза секој ден да се моли за сите нив и ги повика да се молат и за него.
к.мк