Папата ја именува сестра Нина Крапиќ за нова заменик-директорка на Канцеларијата за печат на Светиот Престол

Папата ја именува сестра Нина Крапиќ за нова заменик-директорка на Канцеларијата за печат на Светиот Престол

Папата Лав XIV ја именува сестра Нина Бенедикта Крапиќ, MVZ, за заменик-директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, заменувајќи ја Кристијан Мареј, која се повлече од функцијата што ја извршуваше од јули 2019 година.

Папата Лав XIV во петок, 13 февруари 2026 година ја именува сестра Нина Бенедикта Крапиќ, MVZ, за заменик-директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Таа ја заменува Кристијан Мареј, која се повлече од позицијата што ја имаше од јули 2019 година и која беше примена на аудиенција од Папата во петок наутро. Соопштението беше објавено во дневниот билтен на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Хрватската чесна сестра, досегашна службеничка во Дикастеријата за комуникации, ќе ја преземе својата нова функција на 1 март 2026 година.

Сестра Крапиќ е родена во Риека на 7 јуни 1989 година. Дипломирала право во 2015 година на Универзитетот во Риека, а подоцна специјализирала за односи со јавноста на Универзитетот во Загреб во 2023 година.

Таа ги даде своите вечни завети во Конгрегацијата на сестрите на милосрдието на Свети Винко Павеелски на 13 август 2023 година.

Работела како новинарка и како правен советник за жени жртви на семејно насилство и други маргинализирани лица. Исто така, била раководител на комуникациите за Каритас на Риечката надбискупија.

Од 2023 година, таа е службеник во Дикастеријата за комуникации и моментално е на докторат по општествени науки на Колегиумот Максимум на Папскиот Грегоријански универзитет во Рим.

„Срдечно ѝ се заблагодарувам на Кристијан Мареј“, рече Паоло Руфини, префект на Дикастеријата за комуникации, „за посветеноста и професионализмот со кои ја извршуваше својата служба. Во истиот дух, ѝ посакувам на сестра Нина Бенедикта Крапиќ плодна работа, уверен во нејзините одлични професионални и човечки квалитети.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот