Папата ја изрази својата близина на родителите на Чарли

Папата ја изрази својата близина на родителите на Чарли

Папата Фрањо ја изрази својата „наклонетост и емоции“ со оглед на ситуацијата на Чарли Гард како и „својата близина на неговите родители.“

Според изјавата на Грег Бурке, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, дадена на 2 јули 2017 година, Папата се моли за родителите на десетмесечниот Чарли Гард и се надева дека не се „занемарува нивната желба да го следат и да се грижат за своето дете до крај.“

Чарли Гард е роден со ретка генетска болест наречена митохондријален диплепцијски синдром, кој предизвикува прогресивна мускулна слабост и оштетување на мозокот. Европскиот суд за човекови права, минатата недела ја одби молбата на родителите на детето да им се дозволи да се преселат во САД заради експериментален третман, на сопствен трошок.

Во продолжение превод на македонски јазик на целата изјава:

Светиот Отец со љубов и емоции го следи случајот на малиот Чарли Гард и ја изразува својата близина на родителите, за нив се моли, надевајќи се да не се занемари нивната желба да го следат и се грижат за своето дете до крај.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот