Папата: Меѓусебната уцена на моќниците го пригушува крикот на сиромашните за мир

Папата: Меѓусебната уцена на моќниците го пригушува крикот на сиромашните за мир

Во пораката по повод Светскиот ден на сиромашните, папата Фрањо ја повторува катастрофата од војната во Украина: „Една „суперсила“ сака да ја наметне својата волја против принципот на самоопределување на народот. Неговиот апел: „Пред сиромашните нема реторика, туку засукајте ги ракавите“; и предупреди за парите: Преголемата наврзаност го замаглува погледот.

Сиромашни и осиромашени од „бурата“ на пандемијата; сиромашните, бегалците и раселените лица поради војната во Украина, каде директната интервенција на една „суперсила“ сака да ја наметне својата волја против принципот на самоопределување на народот – на сите нив папата Фрањо им ја посветува пораката за VI. Светски ден на сиромашните, кој ќе се слави на 13 септември. Станува збор за обемен документ во кој Папата уште од првите редови на пораката ја истакнува една од главните причини за сиромаштијата на нашето време: војната. Тоа е катастрофа што се појави на хоризонтот набргу откако се појави мал блесок за мир по пандемијата. Тоа е трагедија предодредена да му наметне поинакво сценарио на светот.

Уцена на моќниците и гласот на човештвото

Конфликтот, кој трае повеќе од сто дена – забележува Папата – се надоврзува на регионалните војни кои жнеат смрт и уништување во последните години; сепак општата слика е повеќеслојна. Се повторуваат сцени на трагично сеќавање, а меѓусебните уцени на некои моќници повторно го задушуваат крикот на човештвото што повикува на мир.

Погодени се слабите и незаштитените

Колку сиромашни последиците има од бесмисленоста на војната! – истакнува Папата. Каде и да погледнеме, гледаме насилство кое ги погодува незаштитените и најслабите. Илјадници луѓе се депортираат, особено момчиња и девојчиња, со цел да се искоренат и да им се наметне друг идентитет. Милиони жени, деца, стари лица се принудени да се изложат на опсностите од бомбитеа за да се спасат барајќи статус на бегалци во соседните земји. Оние кои остануваат во областите на конфликти, секој ден живеат со страв и недостиг од храна, вода, медицинска нега и, најмногу, без своите најблиски – рече римскиот бискуп.

Проблеми во обезбедувањето помош

Во такви ситуации умот се заматува, а последиците ги сносат многу едноставни луѓе кои се придружуваат на и онака големиот број сиромашни. И не само тоа – истакнува папата Фрањо – Колку подолго трае конфликтот, толку се потешки последиците. Затоа, ентузијазмот на цели народи кои ги отворија вратите во последните години да примат милиони бегалци од Блискиот Исток, Африка и сега од Украина, како и алтруизмот на многу семејства кои ги отворија своите домови за да направат простор за други семејства, се судира со суровоста на реалноста, која е надвор од контрола.

Народите кои прифаќаат други им е сè потешко континуирано да даваат помош; семејствата и заедниците почнуваат да ја чувствуваат тежината на ситуацијата што ја надминува вонредната состојба. Меѓутоа, сега е моментот да не се откажеме и да ја обновиме првичната мотивација – порачува Папата – со истата одговорност мора да се заврши она што го започнавме. Солидарноста е токму тоа: „Да го споделиме она малку што го имаме со оние што немаат ништо, за никој да не страда. Колку повеќе расте чувството за заедница и заедништво како начин на живот, толку повеќе се развива солидарноста“.

Не реторика, туку дела

Дополнително – пишува подоцна Папата – треба да се земе предвид дека има земји во кои во последните децении има значително зголемување на благосостојбата на многу семејства кои достигнале состојба на безбеден живот. Како членови на граѓанското општество, да го одржуваме жив повикот за вредностите на слободата, одговорноста, братството и солидарноста. И како христијани, секогаш во љубовта, верата и надежта да ја наоѓаме основата на нашето постоење и делување. „Делувањето“ имено е клучниот збор за папата Фрањо. Нема реторика пред сиромашните, туку се засукуваат ракавите и верата се покажува преку директно вклучување за кое никој не може да биде делегиран.

Лоша употреба на парите

Понекогаш, од друга страна, се чини дека преовладува некаква форма на опуштање, што доведува до недоследни однесувања, како што е рамнодушност кон сиромашните. Се случува некои христијани, поради прекумерна приврзаност кон парите, да западнат во лоша употреба на добрата и наследството. Тоа се ситуации кои покажуваат слаба вера, како и слаба и кратковидна надеж – забележува Папата.

Проблемот не е во самите пари, кои се дел од секојдневниот живот и општествените односи на луѓето, туку вредноста што тие ја имаат за нас. Таквата приврзаност спречува да се гледа реално на секојдневниот живот и го замаглува погледот и го спречува да се видат потребите на другите. Ништо поштетно не може да му се случи на христијанинот и на заедницата од тоа да биде заслепен од идолот на богатството, кој на крајот ги врзува за минлив и неуспешен поглед на животот.

Активизмот не спасува

Затоа, не се работи за „асистенцијално третирање“ кон сиромашните. Не спасува активизмот, туку искреното и дарежливо внимание што ни овозможува да им пристапиме на сиромашниот како кон брат кој подава рака за да можам јас да се разбудам од вкочанетоста во која западнав.

Нови социјални политики

Папата потоа го повтори својот итен повик за изнаоѓање нови начини кои можат да одат подалеку од поставувањето социјални политики замислени како политика кон сиромашните, но никогаш политика со сиромашните, никогаш како политика на сиромашните, а уште помалку политики вклучени во проект што ги обединува народите. Постои еден парадокс што е тешко да се прифати денес, како и во минатото, бидејќи не се совпаѓа со човечката логика: има сиромаштво кое нè прави богати… Искуството на слабостите и ограничувањата што ги доживеавме во последните години, а сега и трагедијата на војната со глобални последици, треба да нè научи на нешто одлучувачко: ние не сме во светот за да преживееме, туку за да им овозможиме на сите достоинствен и среќен живот.

Сиромаштво кое убива

Самиот Исус покажува дека има сиромаштво што понижува и убива, а има и друго сиромаштво, неговото, која ослободува и ги прави луѓето мирни. Сиромаштвото што убива е мизерија, ќерка на неправдата, експлоатацијата, насилството и неправедната распределба на ресурсите. Тоа е очајно сиромаштво, без иднина, бидејќи е наметната од културата на отфрлање која не дава перспективи, ниту пак излез.

Кога единствениот закон ќе стане пресметката на заработката на крајот од денот, тогаш веќе нема кочница за прифаќање на логиката на човечка експлоатација; другите стануваат само средства. Нема повеќе правични плати, правично работно време, а се создаваат нови облици на ропство кои ги трпат луѓето кои немаат алтернатива и мораат да ја прифатат оваа отровна неправда само за да го добијат она минималното потребно за живот.

Сиромаштво што ослободува

Напротив, сиромаштвото што ослободува е она што се појавува пред нас како одговорна одлука да се олесниме од вишокот товар и да се фокусираме на важното. Средбата со сиромашните ни овозможува да се справиме со толку многу неразумни грижи и стравови, да дојдеме до она што е навистина важно во животот и она што никој не може да ни го украде: вистинската и слободна љубов. Сиромашните се, значи, попрво субјекти кои ни помагаат да се ослободиме од замките на немирот и површноста, а не предмет на нашата милостина – истакнува во својата порака папата Фрањо

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот