Папата го честита Велигден на верниците од Источните и Православните цркви

Папата го честита Велигден на верниците од Источните и Православните цркви

По молитвата Царице небесна во недела 5 мај 2024 година, Папата уште еднаш упати апел за Блискиот Исток: „Да се зајакне дијалогот и даде добри плодови“. Потоа поттикна на молитва за Украина, која толку многу страда и упати срдечни честитки до Источните и Православните цркви кои го слават Велигден според јулијанскиот календар. Тој исто така, ја изрази својата близина со населението на Рио Гранде до Сул, во Бразил, погодено од разорните поплави.

Светиот Отец потоа со многу наклонетост ги поздрави Источните и Православните цркви кои според Јулијанскиот календар го слават Велигден. Воскреснатиот Господ нека ги исполни сите заедници со радост и мир и нека ги утеши оние кои се во искушение. Нека им е честит Велигден.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот