Папата ја заврши својата посета на Филипините

Папата Фрањо во понеделник на 19 јануари во утринските часови ја заврши својата пастирска посета на Филипините. На улиците во Манила низ кои се поминува до аеродромот Виламор го поздравија стотина илјади луѓе. На аеродромот дојдоа да му упатат поздрав со песна 400 напуштени деца од разни центри. Пораката која му ја испратија на Папата беше „Папа Фрањо те сакаме.“

На заминување Папата се заблагодари на филипинскиот преседател за убавиот дочек и на шега додаде дека сега ќе мора да работи прекувремено. Се очекува дека авионот на филипинската национална компанија ќе слета на римскиот аеродром Фиумичино во 17.40 часот.

На конференцијата за новинарите одржана пред заминувањето на Папата потврдено е дека филипинските епископи го повикале Папата повторно да ја посети таа земја следната година на одржувањето на Меѓународниот евхаристиски конгрес во Цеби.

Во освртот за самата посетата надбискупот на Манила, кардинал Луис Антонио Тагле нагласи дека за посетата Папата упати порака и на клерот и на лаиците. На нив е сега таа порака да ја оживотворат. Но, додаде како е сигурен дека посетата на Папата ќе има ефикасност како она на Иван Павле II во 1995 година. Кардинал Тагле посебно потсети на зборовите на Папата како повик на љубов и служење на сиромашните, грижата за децата како и повикот на Филипинците да бидат навестители на верата.

Епископот Вергара, задолжен за медиумите посебно се осврна на говорот на Папата од срце т.е. што се манифестираше во повеќе наврати во текот на посетата кога наместо напишаните проповеди држеше спонтан говор.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот