На светата Литургија служена во базиликата Свети Петар по повод 500 години од евангелизацијата на Филипините, папата Фрањо се заблагодари на католиците во таа азиска земја, трета по број во светот, за нивната радост со која ја носат својата вера во целиот свет, во нивната секојдневна работа. Тоа е „блажена болест“, задржете ја – ги поттикна Папата.
Убава и привлечна е Црквата која го сака светот не судејќи го и која за светот се дарува самата себе – со тие зборови папата Фрањо ја поздрави филипинската заедница во Рим, чии претставници се собраа во базиликата Свети Петар на светата благодарна Литургија за 500 години евангелизација на нивната татковина. Притоа ги поттикна католиците во таа азиска земја да направат сѐ за Црквата, како за Бог, за да може да се каже дека толку многу го сака светот.
Папата во проповедта се заблагодари на филипинскиот народ за сведоштвото на радоста на Евангелието кое го примиле пред 500 години, а денес ја донесуваат во целиот свет, во христијанските заедници, како и во римските семејства во кои – како што рече, вашето дискретно и вредно присуство знае да биде и сведоштво на верата.
Коментирајќи го делот од Евангелието според Иван од денешната Литургија, Светиот Отец посебно се осврна на Исусовите зборови упатени до Никодим: „Зашто Бог толку го возљуби светот што Го даде Својот Единороден Син.“ Зборовите „Бог толку го возљуби “ ни помага да го воочиме вистинското Божјо лице. Лицето на Бог Кој отсекогаш нѐ гледал со љубов и од љубов дојде меѓу нас во телото на својот Син. Во Него дојде да нѐ бара на местата на кои сме се загубиле; во Него дојде да нѐ подигне кога паѓаме; во Него ги плачеше нашите солзи и ги исцелуваше нашите рани; во Него засекогаш го благослови нашиот живот – истакна Папата.
Во Исус Бог го кажа последниот збор за нашиот живот: не си изгубен, ти си сакан. Бог толку те сака што ти го дава целиот свој живот. Не е он некој бог кој нѐ гледа рамнодушно од висините, туку заљубен Отец Кој се вклучува во нашиот живот; не е он некој бог на кој му е мила смртта на грешникот, туку Отец кој се грижи никого да не изгуби; не е он некој бог кој осудува, туку Отец кој нѐ спасува со благословената прегратка на својата љубов.
Осврнувајќи се посебно на зборовите „Бог Го даде Својот Син“, папата Фрањо истакна дека токму затоа што толку нѐ љуби, Бог се дарува Самиот Себе и ни го нуди својот живот. Силата на љубовта – објасни, го разби човечкиот егоизам; ги уништи бариерите човечки, премногу пресметани, сигурностите, ги руши ѕидовите и ги победува стравовите за да се направи дар. Во Исус воздигнат на крстот, самиот Бог дојде да нѐ оздрави од отровот кој дава смрт, се направи грев за да нѐ спаси од гревот. Бог нас нѐ не сака само на зборови – потсети Папата, ни го дава својот Син за оној кој ќе Го погледне и верува во Него да биде спасен. Бидејќи колку повеќе сакаме станувамњ се поспособни за дарување. Имено, не е важно само она што можеме да го произведеме или заработиме; важна е најмногу љубовта која знаеме да ја даруваме.
Тоа е извор на радоста! Бог толку го возљуби светот што го даде својот Син – истакна Папата и на денешната недела „Laetare“ ја спомна неодамна завршената посета на Ирак. Тој измачен народ воскликнуваше од радост, заблагодарувајќи се на Бог за неговото милосрдие – се присети Папата. Меѓутоа понекогаш радоста ја бараме таму каде ја нема, во илузиите кои се создаваат, во соништата за големината на нашето јас; во привидната сигурност на материјалните работи или пак во култот на нашите слики. Но, искуството во животот нѐ учи дека вистинската радост е да се чувствуваш бесплатно сакан, да чувствуваш дека имаме придружба, дека имаме некој кој ги дели со нас нашите соништа и кој кога ќе доживееме бродолом ни доаѓа на помош и нѐ одведува на бебзедно пристаниште.
Осврнувајќи се на 500 годишнина од доаѓањето на христијанското навестување на Филипините, папата Фрањо кажа дека таа радост се гледа во нивниот народ, во нивните очи, на лицата, во нивното пеење и во молитвите. Потоа повторно истакна дека повеќе пати рече дека филипинските жени ја „криумчарат“ верата затоа што – објасни, било каде да одат да работат ја сеат верата. Тоа е – дозволте ми да кажам, наследна болест, но блажена. Задржете ја! – поттикна Папата и додаде, сакам да ви кажам „благодарам“ за радоста која ја носите во целиот свет и во христијанските заедници. Мислам на бројните убави искуства во римските семејства – но така е во целиот свет, каде вашето дискретно и внимателно присуство знае да биде и сведоштво на верата.
Задржете ја! – поттикна Папата и додаде, сакам да ви кажам „благодарам“ за радоста која ја носите во христијанското навестување кој сте го примиле секогаш треба да го донесете на другите, грижејќи се за оние кои се ранети и кои живеат на работ на општеството. Како Бог Кој се дарува самиот себе, Црквата не е испратена да суди, туку за да прифаќа; не да се наметнува, туку да сее; не да осудува, туку да го донесува Христос, Кој е спасение. Не се плашете да го навестувате Евангелието, да служите и да сакате – поттикна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк