Папата: Црквата не го заборава ранетото човештво

Црквата ги брани основните вредности, без да го заборави ранетото човештво: ова накратко е пораката содржана во проповедта на папата Фрањо за време на литургијата на отворањето на XIV редовна Епископска Синода посветена на семејството.

Литургијата Светиот Отец која ја служеше во ватиканската базилика Свети Петар, заедно со синодалните отци. Папата ја потврди неповредливоста на брачната врска, истовремено ја повика Црквата да ги прима со љубов повредените вонбрачни двојки.

Во глобализираниот свет, срцата се попразни

Драмата на осаменоста, љубовта меѓу мажот и жената, семејството: тоа се трите главни теми во проповедта на Папата. Во парадоксот на глобализираниот свет, истакна Светиот Отец, има многу луксузни станови, но сепак, помалку домашна и семејна топлина; многу забава, но срцето е постојано празно; многу задоволства, но малку љубов; многу слобода, но помалку независност. Затоа осаменоста влијае кај возрасните, вдовиците, напуштените сопружници, несфатените и незаштитените, оние кои се затворени во својот егоизам, во насилството, во послушноста на „богот“ на парите. Многу се мигрантите и бегалците кои бегаат од војни и прогони, многу се и младите луѓе, жртви на потрошувачката култура и на исклучувањето“. Папата истакна дека „семејството е слика на таа реалност, во која сериозната врска за зачувување на солидна и плодна врска на љубов е веќе во постојано исчезнување“.

Бог го создаде човекот, за да биде среќен и да љуби

„Трајната, верната, свесната, плодната љубов, сѐ повеќе е исмејувана и на неа се гледа како на нешто застарено. Изгледа дека токму најнапредните општества имаат најмал процент на наталитет и највисок процент на абортуси, разводи, самоубиства и загадување на животната и социјалната средина“.

Папата појаснува дека обратно на тоа, љубовта меѓу мажот и жената ја отстранува осаменоста, бидејќи Бог го создал човекот за среќа, за да го доживува прекрасното искуство на љубовта, односно да сака и да биде сакан, и да ја види својата плодна љубов преку своите деца“.

Бракот не е тинејџерска утопија. Човекот сонува за вистинска љубов

Само врз основа на љубовта, која ни е предадена од Исус, неизмерна и неповратна љубов, се сфаќа и „безмерността на неповратната уникатна брачната љубов, дури до смртта“, која ги преминува границите на индивидуализмот, на себичноста и легализмот, бидејќи на крајот луѓето ја доживуваат „неизгасливата жед за вечното“:

„За Бог, бракот не е тинејџерска утопија, туку сон, без кој бракот ќе биде осуден на осаменост! (…) Парадоксално, и современиот човек – кој често ја исмејува оваа промисла – е привлечен и фасциниран од секоја вистинска љубов, од секоја стабилна, плодна, свесна и идеална љубов. Тоа се гледа и од онаа краткотрајна љубов, која мечтае за вистинската љубов; тежнее кон телесните задоволства, но сака целокупно дарување“.

Во овој премногу тежок социјален и семеен контекст, Папата потсети дека Црквата е повикана да ја исполни својата мисија „во верноста, вистината и милосрдието“.

Црквата е како полска болница: со отворени врати за секој кој има потреба од помош и поддршка

Папата Фрањо истакна дека „Црквата треба да учи и да ги брани основните вредности … да биде Црква која ќе се всели во вистинската љубов, способна да ја отстранува осаменоста, без да ја заборава мисијата на Добриот самарјанин за повредено човештво“.

 РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија: Ватикан

За авторот