Ден на клаузурните заедници – Pro Orantibus
Ден на клаузурните заедници – Pro Orantibus е можност да се благодари на Бог за дарот на бројните лица кои во повлеченост потполно се посветуваат на Него – рече папата Фрањо на крајот од Генералната аудиенција во среда 21 ноември 2018 година, на која ги поттикна верниците да научат од Девица Марија како да го прифаќаат Божјиот план.
По повод Денот Pro Orantibus, на Папскиот латерански универзитет се одржа средба во органзиација на Конгрегацијата за посветен живот и општества со апостолски живот, посветен на документи кои се однесуваат на женскиот контемплативен живот. Папата Фрањо на учесниците на средбата им испрати порака во која ја истакнува големата благодарност на Црквата за тој посебен облик на живот, важен за Црквата.
Што би било од Црквата и светот без светилник, кој на изгубените во морето им го покажува пристаништето, без пламен кој ја осветлува мрачната ноќ низ која минуваме, без утринска стража која го најавува новиот ден, додека уште е ноќ? – запраша Папата и меѓу другото ги поттикна монахињите серизоно да го сфатат предизвикот за формација, да применуваат расудување и духовна придружба на кандидатките и нивниот повик, не дозволувајќи да ги опфати загриженост поради бројната состојба или успешноста.
Ватикан њуз/к.мк