Папата Фрањо: „Tерапија на љубовта“
Да се чувствуваат опколени со грижа и да се чувствуваат сакани. Тоа „се најважните лекови“, рече Папата во обраќањето до малите пациенти, нивните семејства и персоналот на детската болница „Федерико Гомес“ во Мексико Сити.
Во болницата се води посебна грижи за малите пациенти, деца заболени од рак, со генетски малформации и со невролошки болести. Незаменлива е грижата која Папата ја нарекува „терапија на љубовта“.
Бо болницата се слушна чукање на камбаната, а јажето беше повлечено од две деца кои го победиле ракот и на тој начин ја одбележаа нивната победа над болеста. Во чест на посетата на Папата и неговата средба со 36 деца од одделот за рак едно мало момче ја испеја „Аве Марија“. Возбуденоста на децата се гледаше во нивните очи, насмевка и лица, препознавајќи го погледот на папата Фрањоисполнет со љубов и благодарност:
„Ви благодарам за љубовта со која ме пречекавте; благодарам – рече Светиот Отец – бидејќи ја гледам љубовта, со која се грижат за вас и со која ве придружуваат, благодарение на напорите на многу луѓе кои прават сѐ што е можно, за да оздравите побрзо. Многу е важно да се чувствувате опкружени со грижа, да се чувствувате сакани и да знаете дека за вас се бара најдобар начин за да бидете излекувани; на сите овие луѓе, им велам: „Благодарам!“. Кон благодарноста се додава и мојата желба да ве благословам:
Сакам да ве благословам. Сакам да се помолиме Бог да ве благослови, секогаш да ве заштитува вас и вашето семејство, сите вработени и сите кои работат на ова поле, така што насмевките ќе се множат секој ден. Сите овие луѓе кои не само со лекови, туку и со „терапија на љубовта“ помагаат да може да го поминете овој период со повеќе радост“.
Папата Фрањо ги замоли децата да ги затворат очите и да ги отворат своите срца за Пресветата Богородица од Гвадалупе:
„Еве ја нашата Мајка: да се помолиме да нѐ довери на Синот Исус. Да ги затвориме очите и да се помолиме за она што денес сака нашето срце…“
РВ/В.Н.