Светиот Отец во петок 10 јуни 2022 година во Апостолската палата ја прими претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Претседателката на Европската комисија потоа се сретна со државниот секретар кардинал Пиетро Паролина и со секретарот за односи со држави и меѓународни организации, монс. Пол Ричард Галагер.
Срдечните разговори во Државниот секретаријат беа фокусирани на добрите билатерални односи и заедничката посветеност за ставање крај на војната во Украина, со посебен фокус на хуманитарните аспекти и прехранбените последици од долготрајниот конфликт.
Во продолжение соговорниците зборуваа иза заклучоците од Конференцијата за иднината на Европа и нејзините последици за идните структури на Унијата.
Ватикан њуз/к.мк